Џеф Безос започнува со борба против бездомништвото

Џеф Безос започна со распоредување на ветените 2 милијарди долари во добротворни цели. Започнува со инвестиција од 98 милиони евра на дваесетина невладини организации.

Средствата се дел од фондот од 2 милијарди долари, Day One Fund. Целта на првите грантови секако е да им се помогне на бездомниците.

„Целта на фондот е да се поддржат организациите кои ги прават промените, кои работат за да обезбедат дом во заедниците за младите семејства низ целата држава“, вели г. Безос.

Со овој чекор 24 организации добија по околу 2,5 милиони долари. Издвоените 2 милијарди долари во добротворни цели секако се само една „капка“ од богатството на г. Безос, но невладините организации велат дека со овие средства ќе можат да направат навистина многу.

„Сакав да се развикам до небото. Ова е огромна прослава за нас и за целата наша заедница“, вели Сузан Нет од FrontLine Services, невладина организација добитник  на 2,5 милиони долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии