Џеф Безос донира 10 милијарди долари за борба со климатските промени

Дејан Соколоски

во Вести

Основачот на Amazon и најбогатиот човек на планетата Џеф Безос ќе вети донации со вкупна висина од 10 милијарди долари. Грантовите ќе треба да се искористат за проекти кои ќе овозможат справување со климатските промени.

Фондот кој ќе го основа е наречен Bezos Earth Fund, а Instagram објавата доаѓа заедно со пораката:

Климатските промени се најголемата закана за нашата планета. Сакам да соработувам со другите и да ги помогнам на откриените начини и да откриеме нови начини на борба против деструктивното влијание на климатските промени на оваа планета што ја делиме сите. Оваа глобална иницијатива ќе финансира научници, активисти, невладини организации – сите напори што нудат реална можност да помогнат во зачувување и заштита на природниот свет. Можеме да ја спасиме Земјата. Ќе биде потребна колективна акција од големи компании, мали компании, држави, глобални организации и поединци.

Претставници на Amazon ја потврдија веста за Verge, со надополнување дека нема да станува збор за инвестиции во приватниот сектор, туку исклучиво за грантови.

Г. Безос со 130 милијарди долари е најбогатиот човек на планетата, а веројатно и по воспоставувањето на фондот ќе остане најбогат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии