Девојките трошат повеќе, играат повеќе и се лојални на видеоигрите

Развивачите на видеоигри треба сериозно да размислат за кого ги прават игрите. Дали работат за традиционалните машки гејмери, или за новата женска публика која троши повеќе на мобилните игри, поминуваат повеќе време во играње, и е далеку полојална на игрите?

Според анализата на Flurry, направена со над 1,1 милион играчи на мобилни игри, женските гејмери купуват 31 отсто повеќе виртуелни добра во игрите, и во просек играат 35 отсто подолго време. Дополнително, девојките се поверни на видеоигрите кои ги играат и споредено, „7-day retention“ е 42 отсто повисок кај девојките, односно им се враќаат на игрите почесто.

Тоа што е интересно е дека статистиката не важи исклучиво за игрите кои се сметаат како „игри за девојки“, туку се повторува за сите игри. Девојките немаат проблем да играат спортски игри или „шутери“, но сакаат игри кои бараат поголема креативност, и помалку адреналин, како стратегии и симулации. Доколку се споредат податоците од држава до држава, Flurry вели дека статистичките податоци се слични и во глобални рамки.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии