Девојки во ИКТ: Перцепција на студентите на ИТ студиските програми во Македонија

По повод 26.04.2012 интернационалниот ден на Девојките во ИКТ кој за прв пат се одбележува во Македонија. Целта на иницијативата е зголемување на свесноста кај младата популација за продолжување на високото образование на ИКТ факултети.

Истражувањата правени во последниве години недвосмислено покажуваат дека жените се одлични медијатори, способни поврзувачи во друштвените мрежи и даваат поголема вредност на градењето врски од мажите. Едновремено тие можат да размислуваат со „ладна“ глава за време на кризи. И додека светот се повеќе се дигитализира и покрај сите овие одлични резултати изгледа дека ИКТ секторот се уште не го користи целокупниот потенцијал и талент на жените. Ваквата ситуација е лоша не само за жените кои можат да се стекнат со голем број нови можности за подобра кариера и успех на професионален план, туку и за самиот ИТ сектор кој во недостиг на „послабиот“ пол губи на креативноста, свежината на идеи и компетитивност.

Од оваа гледна точка застапеноста на жените во ИТ професионалниот сектор е значајно прашање и за високо образовните институции чија главна дејност е продуцирање на висококвалификуван ИТ кадар. Искуствата од минати проекти на темата девојките и жените на ИТ студии покажуваат дека се потребни нови модели на образование кои ќе одговараат на различните концепти, интереси и таленти на студентите. При тоа како фактори кои силно влијаат за избор на ИТ студии кај идните студентки се јавуваат следните: можноста да се креира нешто ново и да се комбинираат различни интереси од повеќе научни полиња, потребата на пазарот на трудот, наставниот кадар, меѓутоа најмногу популарноста на студиите и перспективноста за решавање на социјално-економските прашања.

Со цел да се подигне свесноста и добие слика за тековната ситуација за застапеноста на девојките на ИТ студиите во Македонија, тим од наставен кадар и студенти на ФИНКИ се потруди да направи анализа на високото ИТ образование во Македонија. Анализата опфаќа преглед на застапеноста на студентите од двата пола на ИТ студиите во Македонија, при што главен акцент беше ставен на нивната перцепција за студиите и како тие ги припремаат за идното професионално искуство.

Статистичките резултати од истражувањето покажуваат дека застапеноста на девојките студенти на ИТ студиите во Македонија е на високо ниво споредбено со поголем број ЕУ држави, при што над 50% од студентите кои студираат природни науки, математика и информатика, како и инженерство, производство и градежништво се жени. Голем процент од овие отпаѓаат на ИТ студиските програми, при што како „најженски“ универзитет се истакнува УКИМ со 37% запишани студентки на сите ИТ студии кои се нудат на различните факултети на УКИМ. При тоа, бројот на запишани девојки на ИТ студии прогресивно расте во текот на последните години. Најголемиот број студентки на ИТ студии на УКИМ можете да ги сретнете на ФИНКИ каде сочинуваат вкупно 39% од сите студенти на факултетот.

И додека интервјуата со студентите од различните ИТ студиски програми од Македонија покажуваат дека девојките се одлучуваат за ИТ студиите првенствено поради перспективноста и големите можности за идна успешна и добро платена кариера, интересни се добиените податоци дека женските студени на ИТ студиите покажуваат подобар успех од машките како во времетраењето на студиите, така и во просечниот успех. Исто така голем е процентот и на оние кои се наградувани како студенти на генерацијата. Сепак, за студиските програми да се направат поатрактивни за женските студенти, но и сите студенти генерално, самите студенти изразуваат желба студиските програми да вклучуваат интердисциплинарни предмети од типот на претприемништво, презентациски вештини, менаџмент и економија кои ќе им овозможат добро да се вклопат и на водечките позиции во ИТ стопанството.

Истражувањето исто така покажа и дека нашите тековни студенти стануваат свесни за потребата на продолжување на нивното образование на постдипломски студии, а интересно е и тоа што голем дел од женските студенти се гледаат себеси и на истражувачки и научни позиции што покажува дека македонската младина целосно ја поддржува иницијативата на ЕУ за зголемен број на високообразовен кадар од типот магистри и доктори во следните години. Потребата на пазарот на трудот и успехот на дипломираните ИТ студенти програми се голем мотивирачки фактор за упис на средношколците на ИТ студиите во Македонија. Затоа се надеваме дека во иднина ќе се гордееме со уште поголем број на девојки кои ќе прераснат во успешни ИТ жени инженери и ќе помогнат во понатамошниот развој на ИТ индустријата.

1 коментар на “Девојки во ИКТ: Перцепција на студентите на ИТ студиските програми во Македонија

  1. "голем дел од женските студенти се гледаат себеси и на истражувачки и научни позиции" што е одраз на воспитувањето, оди ќерко во администрација, полесно е.
    "Едновремено тие можат да размислуваат со „ладна“ глава за време на кризи." Жените размислуваат со ладни глави!? Да бидеме реални, да не беа жените такви какви што се, во светот ќе немаше ниедна војна. Желните за злато и богатство жени, ги тераат мажите да освојуваат се повеќе и повеќе!
    Чист феминизам и дискриминација.
    Туку ај нека им биде, па без жени и #цицки не се ни живее!
    Ама немојте да претерувате дека сте нешто посебно, кога се повеќе и повеќе жените ги избегнуваат женските работи, а се пикаат во машки, како Цеца и фудбалот, ама изгледа на погрешно место, во погрешно време.
    Да дополнам, материјахатот бил и поминал, откако се покажал како неуспешен модел. Времето е најдобар судија. Како велеше онаа поговорката: Жените мислат далеку, ама мажите мислат длабоко! Тука и сега, а не утре и понатаму!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии