Девојче доби десна рака благодарение на Robohand и 3Д-принтер

Четиригодишната Хармони Тејлор овој Божиќ доби прекрасен подарок. Хармони е родена со вродена маана која предизвикла прстите на раката никогаш да не и се развијат, па тимот за роботика од West Catholic High School, создаден од група средношколци, реши да ја искористи технологијата за 3Д принтери за да и подари десна рака.

„Ќе ги лакирам ноктите розово“, рече Хармони, откако со новата рака ги зеде и останатите подароци кои ги доби за Божиќ. Во име на сите кои работеа на проектот, подарокот на Хармони и го донесоа Тим Лиу и Ејми Калцук. Тие откриваат дека на проектот работеле по два часа во денот во периот од шест недели. Деловите од кој е составена протетичката рака се испринатни на училишниот 3Д принтер.

„Вообичаено креираме роботи или играме игри но кога можеме навистина да им помогнеме на луѓето и да ги искористимен ашите познавања од роботиката, чувството е фантастично“, вели Ејми Калцук за M-live.

Проектот Robohand е дело на Иван Овен и Ричард Ван и претставува протетичка рака која го подобрува квалитетот на живот кај луѓето кои се со вродена маана или ги изгубиле прстите во несреќа. На тогашната презентација тие изјавиа дека бараат начин со кој ќе го направат проектот достапен за сите на кој им е потребен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии