deviantArt ја стартува алатката за цртање Muro

“Од почеток до крај, Muro им дозволува на корисниците да креираат слики и цртежи на начини за кој претходно не сте можеле да замислите со други дигитални програми. deviantART Muro веќе поддржува стандардни и интерактивни четки, работа со слоеви, и можност сликата откако ќе ја завршите да ја закачите директно на вашата deviantART сметка, но сепак оставивме и место за понатамошен развој. Можете да очекувате многу подобрувања и функции во следните недели и месеци”.

Апликацијата на прв поглед фасцинира со едноставниот изглед.

Во горниот дел се опциите undo и redo. Потоа до него со кликање на копчето Image се отвараат опциите за експортирање на сликата и за бришење на канвасот. Веднаш до него се наоѓаат филтрите, тоа се истите оние филтри кој можете да ги најдете и во Photoshop, тука се филтрите за замаглување, заострување и уште некои кој ги имате сретнато во Photoshop.

После филтрите се наоѓа копчето за префрлување помеѓу професионална и основна верзија на апликацијата. Разликата е што во професионалната верзија ви се појавува делот со слоевите, кој во основната верзија е изоставен.

Во долниот дел на апликацијата под канвасот за цртање се наоѓаат четката, кантичката за боење, пипетата и гумата за бришење. До нив се сместени боите, проследени со тоа како изгледа четката која ја имате избрано. Потоа следи делот во кој се специфицира однесувањето на четката, големина на истата, проѕирноста и третиот и последен слајдер добива различна улога во зависност од типот на четката кој ја имате избрано.

Под нив следи интересниот дел, тоа се четките и различните ефекти кој тие ги прават. Прва од бесплатните четки е Webink четката. Оваа четка креира мрежи, интересно е што за сите четки морате да мрдате наоколу за да можете да го видите нивниот ефект, така да ако одите во права линија нема да видите ништо посебно.

Втора четка е нормалната четка. Четката е стандардна и нема некои посебни ефекти кога ја користите.

Трета четка која се наоѓа во оваа алатка е таканаречената Nightmare четка (не прашувајте за името ни јас не знам по кој повод е вака наречена). Доколку се вртите во круг со глувчето ќе добиете нешто слично на глуварче.

Следна четка која можеме да ја користиме во оваа апликација е Smoke четката.

Делува познато нели? Истиот овој ефект кој го добивате со кликање и влечење на глувчето, можете да го постигнете и во Adobe Illustrator со неколку клика повеќе и одење напред назад од една алатка кон друга.

Dripping четката дава ефект како бојата да се цеди по канвасот.

Последната бесплатна четка во оваа апликација е Scatter четката.

Верувам дека оние кој се запознаени со Adobe Photoshop ја имаат видено оваа четка која се прави со подесување на основната четка. Нормално разликата помеѓу Photoshop и Muro е што во Muro не треба да ги правите дополнителни подесувања, освен делот на густина од кој ве дели само еден слајдер.

Ова се основните бесплатни четки кој ги нуди оваа апликација, во Муро се понудени уште 3 други пакети со по 4 четки. Другите пакети се: Dragon pack, Bottlebrush pack и Splatter pack. За овие три пакети се плаќа. Цената на еден пакет со 4 четки е 320 deviantART поени, чисто за споредба 400 поени чинат 3.76€, што е прилично евтина цена за правење на одлични креации. Самата апликација сеуште нема дел за текст, да се надеваме дека ова ќе го има во следниот update.

Muro е одлична алатка која можам слободно да кажам дека може да им парира на Adobe Photoshop и Illustrator. Да напоменам и дека овој сервис е бесплатен (освен одредените четки кои се ептен евтини), за разлика од Photoshop за кој треба да платите 699$. За крај еве ви 2 слики кој ги направив во Муро за неполни 10 минути а за кои ќе ми требаше многу повеќе доколку ги користев Photohop и Illustrator.

(Тука ќе најдете повеќе девиации на Игор Ристовски а.к.а Comander)

2 коментари на “deviantArt ја стартува алатката за цртање Muro

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии