Деветгодишна блогерка од Шкотска стана интернет сензација со својот блог за училишната храна

Марта Пејн, девет годишен блогер од Аргул, Шкотска, привлече околу 3 милиони посети на својот блог NeverSeconds на кој објавуваше фотографии од храната што ја сервираат во нејзиното училиште.

Марта, која го стартуваше блогот со својот татко како дел од проект да научи да пишува, во секој свој пост ја рангира храната според вкус и хранливост, и според колку залаци и се потребни да ја изеде. Нејзините фотографии од храната, која, според Марта, понекогаш е недоволна за да се остане активен цел ден, отвори јадебата во земјата, а блогот доби неверојатна поддршка и рецепти од бројните корисници, но и од познатите готвачи како Џејми Оливер кој и порача да остане храбра.

Интересно училиштето побара од Марта да престане да блогира и да ја фотографира храната, нбидејќи училишните готвачи се преплашени дека ќе ја изгубат работата од притисокот по дебатите за здрава исхрана кое ги стартуваше ова 9-годишно девојче. Според училиштето фотографиите биле само еден дел од понудата на храната и прават непотребен притисок врз готвачите. Но според општината на Аргул и Бут речe дека Марта ќе може да продолжи да фотографира бидејќи „цензурата не треба да биде дел од ова општество“.

Покрај дебатите, Марта успеа да собере и 2.000 фунти донации за сиромашните деца ширум светот.

1 коментар на “Деветгодишна блогерка од Шкотска стана интернет сензација со својот блог за училишната храна

  1. Браво за Марта, блогот ѝ е супер.

    Се прашувам, откако го видов блогот, на кој континент е Македонија. Подобро да не се најде некој да направи споредба како е кај нас, резултатите може да бидат пресурови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии