Девелопери исчистете го Linkedin сандачето – „Оpen Developers“ на Адева го менува начинот на регрутирање

Голем број на искусни девелопери споделуваат дека нивниот инбокс на социјалната платформа Linkedin е полн со понуди за работа, но најчесто без никаква конкретна вредност или основа за истите. Најчесто добиваат еднолични пораки или мејлови без конкретна поврзаност со нивните преференции за работа. А барањето дали добиле значајна понуда е процес кој што одзема многу време.

Со цел да им овозможи на македонските програмери работа на иновативни проекти со светски стартапи и да ги приближи глобалните трендови до македонската заедница, софтверската компанија Адева го менува начинот на кој девелоперите наоѓаат работа. Според нив, треба да се тргне од преференците на самите девелопери, за потоа компаниите да аплицираат за нивните услуги.

На овој начин секој девелопер ќе може најлесно да дојде до работата која што ја посакува, без да аплицира на отворени работни позиции и без да добива несоодветни понуди од сите компании.

На страната Adeva Open Developers девелоперите можат да дефинираат дали би сакале да работат на далечина, цело или пола работно време, или да изберат за кој тип на индустрија се заинтересирани. Со ова, ќе добијат и можности да добиваат понуди и од реномирани фирми, и за нови технологии како вештачка интелигенција, блокчејн, или обработка на големи податоци.

Потоа, девелоперите се контактирани само доколку е најдена соодветна компанија која што ги нуди истите работи.

“Ова е еден од најефективните пристапи за отворање можности за девелопери на глобално ниво, за дискретно да ги споделат своите преференции за работа, да покажат дека се отворени за соработка, а притоа да почнат да добиваат релевантни понуди за работа од работодавачите”, споделува Катерина Трајчевска, основач на Адева.

Страната е пуштена во употреба денес, и се што треба да направите е да ја посетите, и да пополните едноставна форма за вашите преференции. Од тимот посочуваат дека процесот е комплетно дискретен.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии