Нови алатки за девелоперите од Facebook, како двојна авторизација и подобри аналитики

Новата алатка која Facebook ја презентираше на конференцијата F8 ќе дозволи на сите развивачи преку да креираат едноставни веб-страници за логирање преку Facebook профилите. Безбедноста на овие страници е поголема бидејќи овозможува двојна авторизација, односно правата е телефонскиот број на корисникот, а втората е кодот кој ќе му биде испратен.

Девелоперите ќе добијат пристап и до унапредена алатка за аналитика, Facebook Analytics for Apps, која ја користат 450.000 апликации, вели PC World. Новитет е можноста за следење без корисникот да биде логиран на Facebook и ова најверојатно ќе биде проблем, пред сѐ во некои европски држави.

Она што ќе биде добредојдено за маркетинг одделите на компаниите, е можноста за рекламирање преку апликациите. Односно рекламите кај корисниците кои ја имаат преземено апликацијата ќе доаѓаат директно во неа преку нотификации. Ова ќе овозможи компаниите да знаат дека рекламите и известувањата, но и спонзорираните постови пристигаат до вистински заинтересираните корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии