Девелопер го врати Facebook на Facebook корисниците

Словакот Јурај Иван успеа за 24 часа да развие екстензија Facebook friends feed која ќе ви ги прикаже само постовите кои се важни за вас. Достапна за Chrome и Safari, eкстензијата ги отстранува постовите од брендовите кои Facebook ви ги наметнува, и ги прикажува само постовите од пријателите и страните кои ги следите.

„Што доколку можам да го направам Facebook како што беше пред една година? Место каде можам да видам што работат моите пријатели, да видам какви фотографии споделиле, линкови и смешни видеа од YouTube. Што ако можам да ги скријам сите постови кои не се директно од моите пријатели или страниците кои ги следам“, вели тој.

Мотивација за креирање на екстензијата, г. Иван вели дека било потрошеното време за пронаоѓање на постови од пријателите или брендовите кои му се важни, наместо да гледа куп реклами кои сè повеќе ја преплавуваат социјалната мрежа.

Екстензијата ги отстранува рекламите од тимот кога некој од пријателите ќе притисне „ми се допаѓа“ на страни на брендови, но и нивните коментари на страни на брендови или статии. Во пракса, Facebook friends feed ги отстранува постовите од брендовите, што според The Next Web, го „уништува бизнис моделот на Facebook“. Токму поради ова, прашање на време е кога Facebook ќе го спречи ова блокирање.

1 коментар на “Девелопер го врати Facebook на Facebook корисниците

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии