Децата од пештерите во Тајланд се спасени, Елон Маск овој пат не успеа да помогне

Деца и нивниот тренер кои 18 дена поради поплави ги поминаа заглавени во пештера, конечно се спасени. Од пештерата излегоа 12 деца и нивниот тренер, а последни пештерата ја напуштија лекарот и припадникот на тајландската Navy Seal единица.

Интересно, но иако овој пат ништо не направи Елон Маск повторно успеа да се најде во приказната. Нарогсак Осатанакорн (Narongsak Osatanakorn) кој е задолжен за спасувачката операција им кажа на новинарите:

„Иако технологијата на г. Маск е добра и софистицирана, не е практична за мисијата“.

Г. Маск викендот започна да развива и да тестира подводни капсули кои требаше да се користат како безбеден меур за транспорт на децата. Секоја од овие капсули требаше да биде пренесувана од двајца нуркачи.

Г. Маск дури и лично отиде во Тајланд и го посети влезот на пештерата во која беа заглавени децата. Напорите кои ги направи г. Маск не останаа незабележани ниту од властите во Тајланд кој му се заблагодарија на милијардерот, пренесе TechCrunch.

Just got back from Cave 3

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

Сепак вистинските херои во оваа приказна се нуркачите кои ги спасија децата. Последните неколку дена во многу тешки услови и под притисок на времето успеаја да ги извадат децата без жртви. За жал, сите напори не беа подеднакво успешни. Во еден од претходните обиди 38 годишниот Саман Кунан загина на враќање, откако им носеше боци со кислород на момчињата. Поради лошите услови и недостиг на кислород г. Кунан го загуби својот живот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии