Децата на Бил Гејтс се шегуваат со него пеејќи му ја „Милијардер“

Во интервјуто тој зборува и за својaта работа да ја спречи маларијатa преку својата Бил и Малинда Гејтс фондација со фонд од околу 37.1 милијарди долари, кои, г. Гејтс вели, планира да ги подели сите во добротворни цели. Бил Гејтс до сега има дадено 28 милијарди долари во добротворни цели за кои вели дека заедно со фундацијата, му се „полно работно време“, додека во Microsoft е само како советник. И покрај дадените милијарди, тој се уште вреди околу 56 милијарди долари.

На своите три деца, 15-годишната Џенифер, 12-годишниот Рори и девет-годишната Фиби, во наследство ќе им остави само околу десетина милиони долари, бидејќи верува дека „толку многу пари нема да бидат добри за нив“ и дека „треба да си најдат свој начин да стигнат до толку многу пари“.

„Нив ќе им биде пружено неверојатно образование и тоа ќе им биде платено. И се поврзано со здравјето ќе биде средено. Но, во смисла на приходи, тие ќе мора да си најдат работа која им се допаѓа и да одат на работа. Тие се нормални деца сега. Тие си имаат обврски за кои им се плаќа џепарлак.“, вели милијардерот кој сé уште не им дозволува на неговите деца да користат Apple iPad и iPhone, туку еквивалентни продукти од Microsoft како Zune музичкиот плеер.

Интересно, Г. Гејст во својата филантропска работа во земјите во развој се сретнал со луѓе кои не знаат кој е тој. Дури еднаш еден министер од земја во развој го опишал само како „ова е слаб белец кој е со мене“.

Тој вели дека се бори против маларијата, пнеумонија, мала сипаница и други болести, а не ракот, бидејќи целиот свет се фокусира на ракот, а не на болестите која ги убиваат помалите во земјите од третиот свет.

„Мотото на фондацијата е дека секој живот има еднаква вредност. Има повеќе луѓе што умираат од маларија отколку од било кој специфичен рак. Кога умираш од маларија на три години тоа е различно отколку да имаш седумнаесет, кога може да имаш срцев удар или да умреш од рак. Светот е ангажиран околу ракот, така да моето богатство би немало никакво влијание на тоа.“

Целото интервју со г. Гејст ќе го најдете на сајтот на Daily Mail. Тука ќе најдете Google Тranslate верзија на македонски.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии