Деца од Вухан даваат лоши оценки на апликација за да немаат домашнo

Кога се работи за извлекување од домашни задачи, нема крај на креативните изговори и стратегии кај децата.

Како што можеби знаете, Вухан е областа во Кина за која се верува дека е епицентарот на коронавирусот. Децата кои се наоѓаат таму не одат на училиште, но онлајн часови и домашни задачи ги добиваат преку апликацијата DingTalk.

Исклучително корисно и за наставниците и учениците. Но, што доколку на децата им е преку глава од домашното?

Имено, учениците се логираат преку апликацијата и го започнуваат следењето на онлајн часот. Потоа, наставниците ја користат апликацијата за да дадат домашна задача. Ваквата филозофија за Мухамед и планините дефинитивно не одѕвонува добро во главите на децата.  

Пред да се масовно користи апликацијата DingTalk во Вухан, оценката која ја имала на App Store била 4.9. По нејзиното форсирање врз децата, апликацијата за неполни 12 часа добила просечна оценка од 1.4. Илјадници и илјадници рецензии вештачки ја намалуваат оценката како би можело да се отстрани од продавницата и децата да не мораат да добиваат домашни задачи.

Ни авторите зад апликацијата не седат со скрстени раце и почнаа да преколкуваат за милост низ социјалните мрежи.

„Имам само пет години“, почнува молбата од официјалните лица на DingTalk, „ве молам не ме убивајте“.

DingTalk и понатаму има оценка од 1.4 на AppStore, а 2 на Google Play.

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии