Деца-хакери го злоупотребуваат софтверот за да ги импресионираат врсниците, вели AVG

Единаесетгодишници ги користат своите таленти за креирање на малициозен код со кој ќе ја добијат пристап до профили на гејминг сајтови или на друштвените мрежи, вели безбедносната компанија AVG. Најголем проблем е недостигот на етика кај младите кодери, недостигот на знаење за што е исправно, а што погрешно доведува децата да имаат моќни алатки во своите раце, но не и доволно одговорност за да ги користат.

„Голем број на училиштата ги едуцираат децата, но тие се премлади за да ја разберат целата одговорност на нивните постапки.“, изјави Џивал Бен-Итжак од AVG за BBC.

Компанијата истражувала апликацијата Runescape Gold Hack кој ветува дека ќе им даде на корисниците бесплатно „злато“, но наместо тоа софтверот ги „краде“ податоците за профилот на корисникот. Во кодот било откриено дека украдените податоци софтверот ги препраќал на имејл адреса чиј сопственик било 11-годишно момче од Канада.

„Децата пишуваат малициозен софтвер за да се истакнат пред нивните врсници, со демонстрирање на вештини за ‘хакирање’. Тоа може да биде крадење на нечии лични податоци. На почеток изгледа тривијално, но профилите за онлајн гејминг често се поврзани со кредитни картички за купување внатре во игрите, и можат да имаат виртуелна валута во вредност од неколку стотици долари.“

За да не се злоупотребуваат алатките, но да се сочува талентот, г. Бен-Итжак предлага пред да се едуцираат децата да кодираат, најпрво да им се објасни начинот на кој треба да ги користат своите вештини, односно „ги учиме децата дека не можат да земаат играчка без да плаќаат – истата порака мора да биде пренесена и на децата кои кодираат“.

[youtube]Ok6LbV6bqaE[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии