Детален преглед за вашите USB направи со USBDeview

Не е никаква тајна дека сме огромни фанови на компанијата NirSoft и нивните бројни бесплатни алатки за полесно и поефикасно исполнување на бројни активности.

Овојпат под лупа ја ставивме најновата, трета верзија на USBDeview. Имено, со оваа алатка можете да добиете целосен и детален увид за сите USB направи кои се моментно приклучени во вашиот компјутер. Интересно е тоа што добивате увид и во сите USB направи кои претходно, во некое друго време биле приклучени во компјутерот, што знае да биде корисно доколку сте параноични и сакате да проверите дали некој си играл со вашиот компјутер.

За секоја направа која е или била приклучена на вашиот компјутер можете да го прочитате името, краткиот опис, видот на направата, како и серискиот број, но и датумот и времето кога направата била вметната. Третата верзија се подновува со уште четири дополнителни колони кои ве информираат за времето на приклучокот, времето кога прв пат била приклучена направата, колку време била приклучена и кога била исклучена. За да го извлечете максимумот од овие колони, морате да му дадете на USBDeview администраторски привилегии, односно десен клик на иконата, па Run as Administrator.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии