Destiny 2 ќе се испорачува и игра само преку клиентот на Blizzard

Долго очекуваниот шутер, Destiny 2, ќе биде првата игра која нема да биде направена од студиото Blizzard, а ќе се испорачува и игра преку нивниот клиент. Во чест на веста, се објави и првиот видео приказ со дел од гејмплеј елементите кои би можеле да ги очекувате во играта.

Blizzard app е всушност истиот Battle.net клиент кој се истакнува како задолжителна дестинација доколку сакате да играте Starcraft 2, Diablo 3, Heroes of the Storm, Heartstone или Overwatch.

„Како фанови на Destiny, се возбудивме кога слушнавме дека продолжетокот ќе излезе и за PC“, објаснува претставникот од Blizzard, Мајк Морхајм, и додава дека им е особена чест и задоволство да ја поддржуваат Destiny 2 на нивната платформа како првата игра која не е направена од нив. „Предвреме се радуваме на можноста да се приклучиме на Чуварите и на нивната борба против Црвената Легија.“, дофрли Мајк.

Welcome, Guardians! We’re excited to announce our partnership to bring #Destiny2 to PC!

Вреди да се спомене дека иако Destiny 2 не е игра на Blizzard, издавачите на двојката сепак се Activision, а Activision, како што можеби знаете, го поседуваат Blizzard.

Destiny 2 излегува на 8.септември, но сите што предвреме ќе ја нарачаат играта ќе добијат ран пристап до играта.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии