Десктоп или лаптоп за вашиот бизнис?

IT.mk редакција

во Совети

{mosimage}Додека лаптоп компјутерите стануваат се помоќни и подобри, десктоп компјутерите стануваат поевтини. Кој е правиот избор при одлуката да купите компјутер за вашата компанија? Дали малечок, пренослив лаптоп или добриот стар моќен десктоп компјутер? Кои се предностите, кој е вистинскиот избор? Дали треба да го следите трендот и да купите лаптоп?

Со помош на следниве неколку прашања ќе успеете да го направите вистинскиот избор.

{mosimage}

1. Прво што треба да направите е да ги дефинирате работните задачи кои ќе бидат извршувани со помош на компјутерот. Дали тие бараат користење на апликативен софтвер кој бара поголеми ресурси?
– Доколку одговорот на ова прашање е дека работните задачи инволвираат користење на програми кои бараат ресурси, тогаш за да заштедите попаметно би било да одберете солиден десктоп компјутер кој е далеку помоќен од "обичниот" лаптоп кој може да се купи за тие пари. Секако дека ќе можете да најдете и лаптоп компјутер со моќни перформанси кои ги задоволуваат критериумите, но тоа значително би влијаело на вашиот буџет.

2. Дали ви е потребна мобилност? Дали постојано вие или вашите вработени одите на конференции, семинари или разни настани?
– Одговорот на ова прашање многу јасно ќе влијае на вашата одлука. Лаптоп компјутерите се лесни и мобилни, па доколку вашиот бизнис постојано е дел од некакви бизнис настани тогаш би требало да се определите за пренослив компјутер.

3. Дали податоците кои ќе се најдат на компјутерот ќе бидат од доверлив карактер?
– И покрај сите денешни технологии, украдениот лаптоп тешко се враќа назад, а заедно со него и податоците, кои и да ги имате снимено на некое друго место, сепак по кражбата веќе се со нарушен интегритет. Во овие сценарија десктоп компјутерите се стационирани на едно место, и многу лесно просторот во кој се наоѓаат може да го обезбедите со аларми, камери или чувари. Мала невнимателност може да направи лаптоп компјутерот да го заборавите на некое место, или пак торбата во која се наоѓа да ви биде украдена пред вас.

4. Дали канцеларијата е со ограничен простор за сите вработени?
– Откако сте ги решиле сите останати фактори при дилемата лаптоп или десктоп, потребно е да размислите дали вашите канцеларии имаат доволно простор да сместат десктоп компјутери без да го ограничат движењето или работниот простор на вработените. Доколку располагате со мала канцеларија можеби би било подобро да размислувате за малечок и пренослив лаптоп компјутер кој лесно може да се тргне од работната маса и да се стави во торба кога е непотребен.

Покрај овие совети за ефикасно разрешување на оваа дилема, имајте во предвид и дека лаптоп компјутерите, зависно од процесорот, се познати по загревањето кое дополнително може да влијае на перформансите на компјутерот. За разлика од ова десктоп компјутерите се поефикасни во ладењето, а и за многу ниски цени може да вградите дополнително разладување.

Друга работа која треба да ја имате во предвид е фактот дека тастатурите на лаптоп компјутерите се поврзани со внатрешните хардверски компоненти и доколку растурите неколку капки вода или некоја друга течност може да престанат да функционираат. Кај десктоп компјутерите пак, и да расипете течност над тастатурата истата може веднаш да ја замените со нова која нема да чини многу.

Некои бизниси може да ја најдат и златната средина и да одберат комбинација на лаптоп и десктоп компјутери, откако прецизно ќе ги дефинираат потребите на бизнисот и ќе увидат дека тоа решение ги задоволува истите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии