Десет најпреземани филмови на пиратските сајтови

Пиратеријата и понатаму цвета, особено во филмската индустрија. Секојдневно се преземаат и прегледуваат бројни филмски остварувања, а ако нешто сака TorrentFreak тоа е да прави листи за најпреземаните филмови на пиратските сајтови. Во оваа прилика, си земаме за слобода и ние да го направиме истото. :)

10. Stan & Ollie

Стив Куган и Џон Рајли навлегуваат во епските чевли на комичарите кои на времето ги викавме Станлио и Олио. Филмот верно ја прикажува нивната имресивна турнеја во Велика Британија и Ирска во педесетите години.

9. Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald

Десетиот филм сместен во серијалот Wizarding World, најдобро познат по Хари Потер, беше прогласен од повеќето како исклучително лош филм, но тоа не ги спречи пиратските филмомани да го преземаат од пиратските сајтови. Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald го прикажува младиот Дамблдор како зазема напори да спречи катастрофална војна помеѓу обичните луѓе и припадниците на магичниот свет.

8. Vice

Кристијан Бејл уште еднаш покажува дека неговите актерски способности се неверојатни и дека може целосно да се трансформира во Дик Џејни, еден од најмоќните заменик претседатели во историјата на Соединетите Американски Држави. На Кристијан му се приклучуваат и одамна докажаните таленти како Ејми Адамс, Стив Карел и Сем Роквел.

7. Holmes & Watson

Ова е филм кој собра еден куп „награди“ за апсолутно лош филм. Razzies 2019 го прогласија Holmes & Watson како најлош филм, филм со најлош режисер, најлош римејк, и филм со најлоша споредна улога. И покрај ова, Џон Рајли и Вил Ферел успеаја и те како да го привлечат будното око на пиратските гурмани.

6. Captain Marvel

Најновиот филм од универзумот на Марвел успева да спечали тон пари и да ги заинтригира фановите со женската протагонистка. И покрај бројните пирати, Captain Marvel веќе заработи повеќе пари од првиот Тhor филм.

5. Triple Frontier

Сосема просечен филм во кој поранешни специјалци здружуваат сили да отстранат проблематичен криминалец кој се крие во Бразил. Таквото нешто не го прават од несебични цели и примарната цел им е и да украдат што е можно повеќе пари кои криминалецот ги спечалил низ годините од произведување и продавање дрога.

4. Mary Poppins Returns

Невообичаен семеен филм кој, за време на новогодишните празници, успеја да го привлече вниманието со магична приказна исполнета со уникатни музички изведби. Враќањето на Мери Попинс излезе дека е исклучително профитабилна одлука.

3. Spider-Man: Into the Spider-Verse

Феноменално анимирано остварување кое доби оскар за најдобар анимиран филм. Spider-Man: Into the Spider-Verse е интересен спој на паралелни универзуми и невообичаено здружување сили за да се спречи мултидимензионална катастрофа.

2. The Lego Movie 2: The Second Part

Има нешто исклучително привлечно во лего коцкичките. Или, барем, би морало да има. Како, инаку, би можеле да го оправдете огромниот испех и неуморното пласирање игри и филмови со малечките пластични делчиња? Крис Прат, Елизабет Бенкс и Вил Арнет имаат направено одлична работа во позајмувањето гласови и конечниот резултат е исклучително забавно и смешно искуство.

1. Aquaman

Според повеќето, најновиот филм од DC универзумот не е ниту добар ниту лош и, како продукт на чиста просечност, успева да го привлече најголемото внимание, како во кино салите, така во темните кругови на пиратеријата.

1 коментар на “Десет најпреземани филмови на пиратските сајтови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии