Десет најпреземани филмови на пиратските сајтови #4

Пиратеријата и понатаму цвета, особено во филмската индустрија. Секојдневно се преземаат и прегледуваат бројни филмски остварувања, а минатата недела предност се даде на следниве хитови.

10. Annabelle Comes Home, IMDb оценка: 6.0

Што се случува кога ви е здодевно до таа мера да решите да разбудите злобен дух во една кукла? Двајца тинејџери мора да размислувале на оваа прашање додека ја чувале ќерката на Ед и Лорејн Ворен. Филм кој, во поглед на севкупниот квалитет, дефинитивно ја има поделено хорор публиката.

9. Godzilla: King of the Monsters, IMDb оценка:6.2

Да се каже дека Мили Боби Браун (од Stranger Things) има одбрано интересен спореден проект би било потценување од епски пропорции. Во овој филм, кралот на чудовиштата се сочува со бројни суштества и, во експлозија од феноменални специјални ефекти, се бори за неговото место на тронот, кој за неколку недели падна од трето на деветто место.

8. Running with the Devil, IMDb оценка: 5.3

Доколку се прашува едната половина од публиката, Николас Кејџ и Лоренс Фишбурн не требало да ги здружуваат силите за да откријат зошто огромни пратки од кокаин исчезнуваат. И покрај ниската оценка, интересот за филмот константно расте. Ова, патем, е трет заеднички филм со оваа дуо. Претходните два филма се: Rumble Fish (1983) и The Cotton Club (1984).

7. Aladdin, IMDb оценка:7.1

Еден од најпопуларните цртани филмови конечно доби интересен филм каде Вил Смит го глуми духот од лампата. И во овој филм, како и во оригиналот, Франк Велкер го позајмува гласот на мајмунчето Абу.

6. Avengers: Endgame, IMDb оценка: 8.6

Филмот е фокусиран на настаните по тие во хитот од 2018 година, Avengers: Infinity War. Универзумот е на работ на пропаста, но со помошта на преостанатите сојузници, тимот Avengers здружува сили да ги локализира последиците од акциите на Танос и да го поврати балансот во универзумот.

5. John Wick: Chapter 3 – Parabellum, IMDb оценка: 7.6

За Џон Вик се нудат 14 милиони долари. Дали ќе успее супер атентаторот да извлече жива глава по убиството на член од меѓународното друштво од атентатори, дознајте во третото поглавје.

4. Dark Phoenix, IMDb оценка: 5.8

Не се сите филмови со супер херои целосно популарни. Dark Phoenix не успеа да ги импресионира критичарите, но е преполн со специјални ефекти и интересна глума од Софи Турнер, глумицата најдобро позната по нејзиниот допринос во Game of Thrones.

3. Toy Story 4, IMDb оценка: 8.1

Во четвртиот продолжеток на ултра популарниот серијал, нова играчка се приклучува на Вуди и дружината за да се открие колку е светот навистина голем. Феноменален глума од одамна докажаните Том Хенкс, Тим Ален и Ени Потс.

2. Fast & Furious Presents: Hobbs & Shaw, IMDb оценка: 6.7

Сакале – несакале, Лик Хобс и Декард Шо мора да ги здружат силите откако сајбер-генетски подобрен негативец ќе ја загрози иднината на човештвото.

1. Spider-Man: Far from Home, IMDb оценка: 7.7

Воопшто не изненадува тоа што првото место припаѓа на најновиот филм со Спајдермен. Како ќе се справи харизматичниот Питер Паркет со последиците од Avengers: Endgame, погледнете во Far from Home!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии