Десет најпреземани филмови на пиратските сајтови #3

Пиратеријата и понатаму цвета, особено во филмската индустрија. Секојдневно се преземаат и прегледуваат бројни филмски остварувања, а минатата недела предност се даде на следниве хитови.

10. Long Shot, IMDb оценка: 7.0.

Романтична комедија во која Шарлот Филд (Чарлиз Терон) го има достигнато врвот и е една од највлијателните жени во светот, до таа мера да подготвува претседателска кампања. Во нејзината упорност да стане првата жена претседател, ќе ѝ помогне новинарот Фред Фларски (Сет Роген) кој, патем, е вљубен до уши во занесната Шарлот.

9. Men in Black: International, IMDb оценка: 5.6.

По седум години молк, акционата комендија, Men in Black, се врати и проба да ја спаси земјата од сметот на универзумот. Таквото нешто воопшто нема да биде лесно затоа што во самата организација има навлезено исклучително интелигентен шпион. Земјата можеби ќе биде спасена, но не и серијалот кој никако не успеа да ги импресионира критичарите.

8. Tolkien, IMDb оценка: 6.9

Филм за животот на еден од највлијателните писатели на фантазискиот жанр. Во Толкин, Николас Хоут нѝ покажува како Џеј Ар Ар Толкин пронаоѓа пријателство, љубов и уметничка инспирација помеѓу групата од невообичаени ученици.

7. Pokemon: Detective Pikachu, IMDb оценка: IMDb оценка: 6.8

Последниот пат кога ја разгледувавме ваквата листа, филмот за фановите на Pokémon универзумот беше на десетто место. По се изгледа, актерските способности на Рајан Рејнолдс (Дедпул), мора да биле на исклучително високо ниво за да филмот генерира значително поголем интерес помеѓу пиратската публика.

6. Shazam!, IMDb оценка: 7.2

Ауч. И огромен пад за суперхеројскиот филм на кој се има работено уште од 2000 година. Шазам овојпат се наоѓа на шестото место, но и понатаму генерира интерес со приказната за четиринаесет годишното момче кое ја добива ексклузивната моќ да се претвори во возрасен суперхерој.

5. Alita: Battle Angel, IMDb оценка: 7.4

За едно место погоре, Алита и понатаму ја интригира пиратската публика со невообичаена научно фантастична приказна. Иако одредени работи не нѝ се допаднаа во приказната, актерските способности на Роза Салазар беа апсолутно феноменални! Се надеваме дека успехот е подеднакво добар и преку легалните канали затоа што филмот заврши со интересен клифхенгер, а Џејмс објасни дека, доколку Alita: Battle Angel собере доволно пари, продолжетокот е повеќе од загарантиран.

4. Hellboy, IMDb оценка: 5.2

Пеколното момче можеби им има свртено грб на критичарите, но пиратските филмомани се повеќе од мотивирани за да го држат на четврто место. Заснован на стриповите на Мајк Мигнола, Хелбој се наоѓа растргнат помеѓу светот на натприродното и на луѓето, принуден да се бори со древни волшебници кои се слепи за сè освен за одмазда.

3. Godzilla: King of the Monsters, IMDb оценка: 6.5

Да се каже дека Мили Боби Браун (од Stranger Things) има одбрано интересен спореден проект би било потценување од епски пропорции. Во овој филм, кралот на чудовиштата се сочува со бројни суштества и, во експлозија од феноменални специјални ефекти, се бори за неговото место на тронот.

2. The Red Sea Diving Resort, IMDb оценка: 6.5

Оваа историска драма/ трилер успеа да импресионира огромен број филмомани со невообичаената приказна каде израелски агенти од петни жили се трудат да спасат етиопски еврејски бегалци во Судан, 1979 година.

1. Avengers: Endgame, IMDb оценка: 8.7

Првото место повторно припаѓа на супер хероите, овој пат фокусиран на настаните по тие во хитот од 2018 година, Avengers: Infinity War. Универзумот е на работ на пропаста, но со помошта на преостанатите сојузници, тимот Avengers здружува сили да ги локализира последиците од акциите на Танос и да го поврати балансот во универзумот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии