Десет најпреземани филмови на пиратските сајтови #2

Пиратеријата и понатаму цвета, особено во филмската индустрија. Секојдневно се преземаат и прегледуваат бројни филмски остварувања, а минатата недела предност се даде на следниве хитови.

10. Pokemon Detective Pikachu IMDb оценка: 6.8 – Филм во кој се чини дека првенствено би уживале фановите кои се интимно запознаени со Pokémon универзумот. Сите останати би можеле пријатно да бидат изненадени и од актерските способности на Рајан Рејнолдс (Дедпул).

9. Brightburn IMDb оценка: 6.4 – Супермен на хорор начин. Режисерот на Guardians of the Galaxy зема една добро позната приказна, но ја разработува на целосно нов и алтернативен начин. Ако првиот супермен е за подемот на херојот, Brightburn преповеда за падот и апсолутниот ужас кој демнее на дното.

8. After IMDb оценка: 5.5 – Тинејџерска љубовна драма заснована на One Direction фан фикција.

7. Captain Marvel IMDb оценка: 7.0 – Еден од најочекуваните филмови за годинава кој се истакнува и со фактот дека се работи за прв филм на Marvel Cinematic Universe чиј наслов се однесува на женски супер херој.

6. Escape Plan: The Extractors IMDb оценка: 4.4 – Вртоглава акција со еден-и-единствениот Силвестер Сталоун. Целиот филм е сниман за само четири недели.

5. Shaft IMDb оценка: 6.4 – Акциона комедија за обединувањето на едно исклучително невообичаено семејство.

4. Alita: Battle Angel IMDb оценка: 7.5 – Анимиран филм заснован на манга серијалот од деведесеттите години. Научно фантастична приказна за киборг која има амнезија, но крие огромна деструктивна моќ.

3. Dumbo IMDb оценка: 6.5 – Долго очекуваниот римејк на еден од најдобрите и најтрогателните анимирани класици. Делото на Тим Буртон можеби не помина премногу добро во кино-салите, но бројките од пиратски преземања кажуваат сосема друга приказна.

2. Pet Sematary IMDb оценка: 5.9 – Уште еден хорор филм, но на исклучително повознемирувачко ниво. Филмот е всушност, заснован на истоимената книга на Стивен Кинг. Како филмско остварување, Pet Sematary е и римејк на уште подалечен филм.

1. Shazam! IMDb оценка: 7.3 – И, за крај, првото место го држи уште еден супер херој, овојпат во форма на Shazam! На филмот се работело уште од далечната 2000 година.

1 коментар на “Десет најпреземани филмови на пиратските сајтови #2

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии