Десет годишно девојче откри безбедносни дупки во iOS и Android

На овогодинешното издание на DefCon се појави десет годишно девојче кое откри нов начин за инфилтрирање малициозни програми во паметните телефони. Девојчето, кое се има претставено под името CyFi, ја има откриено дупката играјќи игра слична на FarmVille.

Бидејќи овие игри бараат од играчот да чека за да може да продолжи, CyFi не можејќи да чека, се обидела да ја убрза играта со премотување на часовникот на нејзиниот уред. Многу игри не го дозволуваат ова, меѓутоа CyFi открила дека со исклучување на Wi-Fi конекцијата овие забрани можат да се заобиколат, и да се отвори дупка која може да биде злоупотребена. Оваа дупка може да се најде кај игрите и за Android и за iOS.

CyFi, која е и уметник, својата прва изложба ја имала на четири години, својот наод го презентираше на конференцијата DefCon Kids, наменета за помладите хакери, и оваа година е за прв пат претставена како дел од DefCon. Нејзиниото откритие се уште не е објавено поради безбедносни причини, односно се додека не се направи закрпа на системите. Мајката на девојчето, која одбра да остане анонимна заради безбедност, на крај на DefCon ќе даде награда од 100 долари на децата хакери кои ќе најдат најмногу игри за 24 часа со ранливоста откриена од CyFi.

Конференцијата DefCon, која се одржува во Лас Вегас, е една од најголемите светски хакерски собири на најразлични професионалци од областа на компјутерска безбедност, новинари, адвокати, сајбер криминалци, како и луѓе што се интересираат за кодирање, компјутерска архитектура, модификација на хардвер, и за сè останато што може да биде „хакнато.“

2 коментари на “Десет годишно девојче откри безбедносни дупки во iOS и Android

    1. Не е твоја :) Линкот што си го линкал е составен од официјалните информации за девојчето од DefCon Kids и мислам дека од текстот за девојчето на Cnet. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии