Denuvo ja згасна бугарската кракерска група Revolt

Компанијата зад озлогласената заштита Denuvo стави крај на бугарската кракерска група Revolt откако поднесе тужба против лидерот на групата – Voksi. Со изненадувачка брзина, бугарските власти го згаснаа нивниот веб сајт и ги конфискуваа компјутерите на Voksi.

„Конечно се случи, не можам да кажам дека не го очекував ова, Denuvo поднесе тужба против мене на властите,“ се огласи Voksi на редит. „Полицијата дојде вчера и го зеде компјутерот со серверот и мојот личен компјутер.“

Набргу по присилното земање на неговите компјутери, Voksi пробал да ги исконтактира Irdeto (компанијата зад Denuvo) и да апелира за мирно разрешување на проблемот, на што претставник од Denuvo му кажал дека од сега натаму судбината му се наоѓа во рацете на бугарските обвинители. Видно разочаран, Voksi побрза да бара помош од заедницата и да бара некој адвокат да се заземе за неговиот случај. Борбата можеби продолжува на тој фронт, но на фронтот за кракирање игри, Voksi веќе го има кренато белото знаменце.

„За жал, нема да сум во можност да го правам она што го правев до сега“, објасни тој, но не без да додаде дека се надева дека: „можеби некој друг ќе ја продолжи мојата борба.“

Дискутабилно е колку ваквите изјави му одат во корист, но претпоставуваме дека Voksi и нема преголем избор особено кога ќе се земе во предвид тоа што од Irdeto целосно одбија дијалог со него.

„Знам дека сево ова е ср**е, дечки, знам, но така функционира светот деновиве. Злото владее.

Во меѓувреме, Denuvo излезе со изјава дека Voksi навистина е уапсен од одделот за борба против криминалот во Бугарија.

„Пиратеријата е закана која е цврсто воспоставена во гејмерската индустрија и ние сме целосно посветени на обезбедување на содржината на издавачите на игрите и спречување на кракерите да ги нарушуваат гејмерските услови за да извлечат лична добивка на сметка на други играчи.“ порача потпретседателот на услугите во сајбер безбедноста во Irdeto.

Набргу по изјавата, Voksi повторно се огласи за да проба да ја негира перспективата која се создава од ваквата изјава. Бугарскиот кракер објасни дека не бил уапсен туку доброволно отишол кај полицијата за да даде изјава и двапати пробал неуспешно да воспостави дијалот со компанијата Irdeto. Ова би можело да значи дека обвиненијата за криминално дело допрва ќе следат. Според Voski, полицијата не давала никакви конкретни објаснувања туку само му кажала дека конфискуваните компјутери ќе му бидат вратени, но само откако ќе заврши истрагата.

Под продолжување на борбата и сето тоа, Voksi мисли на катастрофално лошата Denuvo заштита која дополнително ги фрустрира гејмерите кои легално ги имаат купено игрите. Многу игри со DRM заштитата Denuvo значително влијаат на оптимизираноста на игрите и нудат полошо искуство, во форма на замрзнувања, кочење, па дури и исклучување на игрите. Заштитата Denovo значително ги опреретуваше процесорите за Assassin’s Creed: Origins. Во инди играта Rime, Denovo правеше лудница и целосно ги гушеше перформансите, до таа точка да самото инди студио реши да удри клоца на заштитата и да ја ре-издаде играта во DRM-Free форма.

Борбата, независно од тоа низ каква призма на (не)етички вредности ја провлекувате, нема тука да застане. Иако доприносот на Voksi и неговата група беше исклучително значен низ пиратските кругови, фактот е дека тие беа само еден запчаник од многу поголема машинерија, и онаму каде Revolt застана, ќе продолжат групите како CPY, CODEX, или многу, многу други групи од заедницата.

Denuvo може слободно да се удира во гради и да се гордее со тоа како „брзата акција на бугарската полиција само ја покажува моќта која произлегува од заедничка соработка помеѓу органите за спроведување на законот и давателите на технологии“, но општото мислење е се додека на DRM се гледа како на остар инструмент за отсекување на правата на консументите, на секоја една победа на Denuvo, ќе се редат десетици победи на warez групите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии