Денес излегува GNOME 3.6, ќе има „Release Party“ во хаклабот КИКА

GNOME (GNU Object Model Environment) е графичка околина која работи на секоја GNU/Linux дистрибуција. Проектот е објавен под отворена лиценца која налага софтверот да биде бесплатен и неговиот код отворен и јавно достапен за било кој да го употребува и менува за сопствени цели. Досегашниот код е развиен од над 3.500 Linux ентузијасти со голема поддршка и клучни придонеси од софтверски специјалисти под закрила на компанијата Red Hat.

Во таа огромна заедница спаѓаат и неколку членови на хаклабот КИКА, односно четири девојки кои веќе подолго време допринесуваат во развојот на GNOME. Инаку, GNOME Фондацијата е позната по „outreach“ програмата, особено по тоа што се обидуваат да ги вклучат жените во развојот на истата.

GNOME Фондацијата во партнерство со неколку поголеми компании и организации кои го поддржуваат развојот на таа околина и општо слободниот софтвер, секоја втора година ја организираат GUADEC конференцијата. На истата се собираат огромен број на придонесувачи кон GNOME, а годинава присуствуваа и Јованка Гулицоска, Тамара Атанасоска и Ана Ристеска.

Во пресрет на официјалното објавување на GNOME 3.6, во хаклабот денес со почетокот од 19 часот се организира „Release Party“. Вратите се отворени за сите.

„На собирот што ќе се одржи денес во КИКА, ќе зборуваме за промените кои ни доаѓаат во новата верзија на GNOME , воглавно промените на GNOME Shell (корисничкиот интерфејс), ќе споделиме искуство од GUADEC и тоа како е да се биде дел од една ваква заедница. Исто така, секој што сака да се вклучи и да биде дел, е добредојден и можеме да позборуваме за тоа“, вели Јованка.

Самиот проект започна во 1997 година од страна на двајца студенти, Мигуел Де Иказа и Федерико Мена, за денес GNOME да прерасне во една навистина успешна приказна. Оваа година на 15-ти август, GNOME го прослави својот 15-ти роденден.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии