DELL XPS 13 сè уште е на врвот на Windows лаптопите

Дејан Соколоски

во Хардвер

Dell XPS 13 веќе неколку години е еден од најдобрите Windows лаптопи на пазарот. Сепак последната значајна промена на лаптопот доаѓа во 2016 година, па беше потребна надградба.

Враќање на најдобриот Windows лаптоп

Новата верзија, Dell ја најави уште пред еден месец, а разликата е и во дизајнот и во хардверот и во дел од функционалностите, пишува Ars Technica.

Лаптопот доаѓа во неколку верзии. Основната доаѓа со: Intel Core i5-8250U (до 3.4GHz); 4GB LPDDR3; 128GB PCIe SSD. Најдобриот модел доаѓа со:  Intel Core i7-8550U (до 4.0GHz); 16GB LPDDR3 и 1TB PCIe SSD.

Разлика има и во екраните, па така ексклузивниот модел доаѓа со 13.3-инчен 4К UHD екран на допир со резолуција 3849 х 2160. Основниот модел доаѓа со 13.3-inch FHD со резолуција 1920 x 1080.

Уредите доаѓаат со интегрирана Intel UHD 620 графичка картичка, која најверојатно нема да освои никого, но е штедлива кога батеријата е во прашање. Иако Dell XPS 13 не е наменет за играње, сепак за дел од „полесните игри“ како Team Fortress 2, е сосем соодветна.

Уредот доаѓа со читач на отпечатоци за прст со кој се отклучува лаптопот. Дополнително, може да се отклучи и со Windows Hello. Камерата е поставена под екранот, што секако ќе го направи изгледот на видеото помалку чуден.

Што се однесува до портите, новиот уред доаѓа со USB Type C и две Thunderbolt 3 порти. Технички преку овие порти може да се поврзе екстерна графичка картичка, па лаптопот да се користи за играње, иако е прашање дали и колку корисници би го правеле ова.

Една од функционалностите кои се нови е технологијата за термичка изолација. Иако ова не е првата работа која ни паѓа на ум кога купуваме лаптоп, низ годините на користење врел лаптоп може да биде прилично непријатен уред.

Што се однесува до батеријата, иако не е спектакуларна сосем е соодветна. Лаптопот на едно полнење, само со Wi-Fi може да се користи 11.5 часа. Што се oднеусува до основниот модел тој би можел со едно полнење да се користи и до 20 часа.

Она што можеби е изненадување е дека тестот на Digital Trends покажува дека екранот на основниот модел е подобар.

Цената на уредите е помеѓу 1000 долари за основиот модел, до 1900 долари за моделот со екран на допир.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии