Новиот лаптоп на Dell, Dell XPS 13, го освои првите рецензенти, па најверојатно веќе и можевте да прочитате дека станува збор за: најдобриот Windows лаптоп досега, потенцијален MacBook Air убиец или иднината на лаптоп компјутерите. Всушност станува збор за 13.3-инчен лаптоп, но поради елиминирање на рамката околу дисплејот XPS 13 има димензии како стандарден 11-инчен уред.
XPS 13 e најмалиот 13-инчен компјутер кој е значително помал од конкуренцијата, вклучувајќи го и MacBook Air. Екранот на компјутерот на Dell е со 1080р резолуција, а некои од моделите доаѓаат и со екран на допир и резолуција од 3200х1800. Компјутерот има 8GB RAM и i5-процесор, но основниот модел е со i3-процесор и 4GB RAM. Поскапиот модел доаѓа и со 256 SSD, а основната верзија доаѓа со 128 GB SSD. Со оглед на тоа дека станува збор за последната генерација на процесори од Intel кои се зналително штедливи кога е батеријата во прашање, корисниците можат да работат до 15 часа на уредот, вели Dell. Сепак Verge вели дека при нивните тестови лаптопот не бил ниту блиску до презентираните бројки и најчесто требало да се полни по околу 6-7 часа.
Цените на XPS 13 се движат од 800 долари за основниот модел, до над 1.400 долари за моделот со i5-процесор и 3200х1800 екран чувствителен на допир. Компјутерите доаѓаат со Windows 8.1, кој според најавиде од Microsoft ќе може бесплатно да се надгради на Windows 10 кога ќе биде достапен.
[youtube]t4jIxN5FNpg[/youtube]







