Dell се враќа на Dell

Виктор Дано

во Хардвер

Мајкл Дел најави дека сака да ги откупи сите акции од Dell, и да ја врати компанијата во приватна сопственост. Oткупувањето ќе го тргне Dell од јавната берза Nasdaq, што ќе му даде одврзани раце на основачот и директорот Дел, 47, да го реорганизира третиот најголем производител на PC-ија и да го направи поконкурентен на пазарот на паметни телефони и таблет компјутери. Многумина очекуваат Dell да биде поактивен и со софтверот, поточно со облак решенија и софтверски алатки за менаџирање на сервери, мрежи и бизнис апликации.

Во овој гигантски потег кој чини 24 милијарди долари г. Дел е потпомогнат од инвеститорскиот фонд Silver Lake и, интересно, од Microsoft кој ќе му позајми 2 милијарди долари. На Dell и на Silver Lake не им фалеле пари, но Silver Lake сакале Dell да биде поврзан со Microsoft, велат извори блиски до компанијата за Wall Streеt Journal.

Тоа што е интересно е што и Microsoft самиот ја реорганизираше својата стратегија и претстави нови производи наменети за паметни телефони и таблет компјутер. Dell е одличен производител на хардвер, а Microsoft има нова мобилна платформа во Windows Phone 8 и нов Windows 8 оперативен систем кој е дизајниран за таблет компјутерите, па може да се претпостави дека наскоро ќе видиме заеднички продукт од двете компании. Но, според изворите за WSJ, позајмените пари нема да му дадат моќ на Microsoft да влијае врз стратегијата на Dell.

Мајлк Дел го основа Dell на 19 годишна возраст во 1984-та година. Тогаш компанијата се викаше PCs Limited и беше препознатлива по квалитетните PC-ја. Благодарение на иновативните решенија во вистинското време, компанијата стана еден од најголемите производители на хардвер чии акции во моментот вредат околу 14 долари. Тоа е цената која г. Дел ќе им ја исплати во кеш на сите акционери за да ја откупи назад компанијата. Сепак, зделката е далеку од готова бидејќи акционерите треба да се согласат на откупот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии