Имаме лоши и добри вести за сите сопственици на Dell компјутери! Првин да почнеме со лошата: Kомпанијата објави дека е пронајден безбедносен пропуст кој овозможува напаѓачи да пристапат до податоците. Добрата вест е што проблемот е софтверски, и компанијата веќе издаде закрпа.
Проблемот е предизвикан од eDellRoot сертификатот кој се инсталира со Dell Foundation Services, како дел од алатка за поддршка која треба да им овозможи на корисниците побрзо да дојдат до услуга од Dell. Сертификатот на вработените во Dell треба да им овозможи брза идентификација на моделот на компјутерот, но за жал и покрај добрата намера, сертификатот претставува дополнителна опасност за корисниците.
Наместо идентификација на компјутерот сертификатот овозможува интернет сообраќајот да биде пресретнат, а со тоа и напаѓачите да имаат можност да дојдат до податоци од повеќе вебсајтови, вклучувајќи лозинки на социјални мрежи до сметки во банка. Пропустот на напаѓачите им овозможува и промена на статусот на страната, па компјутерите би можеле да посетуваат страни кои не се безбедни како безбедни, објаснуваат експерти за ВВС.
Доколку сте сопственик на Dell, еве како да се заштитите.
1 коментар на “Dell призна дека нивните компјутери имаат безбедносен пропуст”