Dell претстави Windows 8 таблет компјутер наменет за бизнис корисници

Dell ги претстави своите нови Windows 8 уреди кои се наменети за бизнис корисниците. Новиот Latitude 10 таблет компјутер и 6430u ултрабук ќе им се приклучат на XPS 10 и XPS Duo 12 во освојувањето на Windows 8 пазарот.

Latitude 10 е Windows 8 таблет компјутер со Intel Clover Trail Atom процесор и 2 GB RAM, екранот е 10,1 инчен со 16:9 формат. Покрај ова таблетот доаѓа со 128 GB простор и опција за SD картичка. Поврзувањето се прави преку USB 2.0 порта, а не е занемарлив фактот дека уредот доаѓа со лесно променливи батерии кои би требало да бидат доволни за 18 часа работа. Уредот доаѓа се поврзува со dock преку кој се полни, но има и 4 USB 2 порти, етернет, HDMI и аудио излези. Покрај ова во дополнителната опрема кај таблет комјутерот, спаѓаат читач на отисоци од прсти и читач на картички со што е овозможена авторизација. Latitude 10 ќе доаѓа и со 3 годишна гаранција.

Latitude 6430u е 14 инчен ултрабук, кој е потенок и полесен од сегашниот ваков уред на Dell . Покрај процесорите од i3 до i7 и 8 GB RAM уредот е дизајниран да издржи „воени услови“. Ова подразбира додатоци како заштита од истурање на течност и заштита на хард дискот при паѓање.

За цените на уредите ќе мора да почекаме до 25 октомври, кога излегува Windows 8, па би требало да има најави за цените на повеќе уреди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии