Вообичаено гејминг лаптопите се нешто повеќе од преносен десктоп. Гломазни се, тешки и не се лесни за префрлање од едно на друго место.
Новиот лаптоп Alienware m15 ќе се обиде да ги надмине овие проблеми. Тежи само нешто над 2 килограми и иако има 15,6 инчен монитор сепак одлично е спакуван, па ова не придонесува во дополнителна големина.
Лаптопот доаѓа со две различни изведби кога дисплејот е во прашање FHD и 4K. Основната верзија доаѓа со i5 процесор, а надградената верзија со i7; изборот на графичките картички е помеѓу Nvidia 1060 и 1070. Дека станува збор за вистинска „работна станица“ покажуваат и 32 GB RAM и 1TB SSD. Батеријата со помало користење може да издржи 17 часа помеѓу полнењата.
Иако Alienware важи за гејминг серија, овие лаптопи се лесни за пренос и за да се користат како работни машини.
„Се надевам дека 12, 15 и 17 инчните лаптопи на Alienware ќе добијат дел од надградбите на m15. Не мора да бидат толку тенки, но потенки рабови, надградени термални системи и подобро искористување на просторот ќе биде ветар во грб на оваа линија лаптопи“, констатира Валентина Паладно од ArsTechnica.
Продажбата на Alienwatre m15 започнува на 25 октомври, а основната верзија чини 1100 долари.