Dell ги претстави редизајнираните и надградени XPS 17 и XPS 15 лаптопи

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of Dell

Од поодамна не се случило ништо поинтересно кај Windows лаптопите,Microsoft Surface дискутабилно е на врвот, па следат најголем дел од останатите лаптопи. Серијата на Dell XPS е еден од конкурентите на Microsoft и Apple кога е во прашање и дизајнот и перформансите на уредите.

Компанијата ги претстави надградбите на XPS 15 и XPS 17 и покрај надградбата има значителни промени во дизајнот, но и една поинтересна определба на производителот. Од оваа серија USB портите на лаптопите ќе бидат USB Type-C, и нема да има „легаси“ порти. Втора промена која се забележува и порано е дисплејот, новите екрани се со однос 16:10, што значи 3840х2400 или 1920×1200. Ова се и двата екрана кои Dell ги нуди со овие лаптопи во 4K односно Full HD.

Екранот на XPS 15 овојпат е од крај до крај, и од горе до долу со минимална рамка околу. Минијатурна камера е сместена на врвот на поклопецот.

Што се однесува до остатокот на хардверот, компјутерот доаѓа со 10 генерација Intel процесори, со Intel Core i9 во најмоќниот модел; диск со капацитет 2ТВ, 64 GB RAM, па и Nvidia GeForce GTX 1650 Ti Max-Q графичка картичка. Токму графичката картичка и поголемиот екран се единствените разлики помеѓу XPS 15 и новиот модел XPS 17. Овој модел ќе доаѓа и со помоќната GTX 2060 графичка картичка.

XPS 15 е веќе достапен во продажба за 1300 долари, а XPS 17 ќе биде достапен налето за цена од 1500 американски долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии