Deleteme.mk е нов сервис на Дирекцијата за заштита на лични податоци

Речиси е навозможнo да се замисли модерниот живот без интернет и куп сервиси.  За жал, се поголемиот број сервиси кои ги користиме значи и поголем дигитален отпечаток кој го оставаме и лични податоци растурени насекаде. Дел од сервисите нудат лесно бришење на овие податоци, но на дел од сервисите бришењето е исклучително сложено.

Тука некаде „влетува“ DeleteMe.mk, нов сервис на Дирекцијата за заштита на лични податоци кој треба да ви помогне токму за ова. Сајтот главно нуди совети, но и презентација на законски решенија за тоа како корисниците можат да ги остварат своите права. Со ова сервисот ќе им помогне на луѓето со онлајн прекршувањето на приватноста.

Дел од работите кои можеби нема да ви се допаднат се нефункционални линкови во менијата. Од некоја причина (можеби сервисот не завршен) во главното мени има линкови кои не водат до содржина. Секако можеби во иднина ќе биде додадена, но додавањето на елеметни во менито е прилично едноставно, и ова не би требало да се случува.

Сепак платформата нуди многу интересни податоци. На поголемиот дел од нас не само што ќе ни помогнат да ги избришеме податоците туку и ќе ни помогне да дознаеме кои сервиси се најтешки за бришење. Еве едел од примерите:

Skype

Skype секако е корисна платформа која ви овозможува бесплатни разговори со сите. Сепак отстранувањето на сите податоци од профилот на Skype е исклучително сложено.

„Испратете барање на Skype, и кажете им зошто сакате да го избришете вашиот профил на англиски јазик. Истрагата се поднесува преку оваа контакт формулар овде. Ве молиме да бидете свесни дека ќе биде потребно време (до 30 дена) за Администраторите на Skype да го отстранат целосно вашиот профил. По ова нема да биде можно некој да ве пронајде на Skype. Skype пријателите кои сте ги имале на својата листа се уште ќе ги имате таму, но тие нема да бидат во можност да контактираат со вас на кој било начин преку Skype“, велат од Deleteme.

За среќа останатите промени на платформата се прават полесно.

Porn Hub

Можеби е помало изненадување што сервис како Porn Hub е еден од оние со најдобра практика. Ако нема посериозни проблеми, отстранувањето на податоците и целиот профил од Porn Hub e: Settings > Уредување на профилот > Параметри > Избриши сметка. За да заврши целата процедура корисникот треба да го внесе кодот за потврда.

Viber

Деинсталирање на апликацијата нема да го деактивира вашиот Viber профил. Ако сакате да го деактивирате вашиот Viber профил, ќе мора да го реинсталирате Viber и да ја направите следнава постапка:  Отворете Viber > влезете во менито „Повеќе опции“ > изберете поставки > изберете приватност > деактивирајте го профилот.

 

Сепак подеднакво корисна функционалност на сајтот е што ги пренесува на едно место и сите законски решенија и обврски кои ги имаат онлајн сервисите. Може да видите кои онлајн злоупотреби се казниви спoред закон, пример клевета, и сите дела против приватноста.

Една секција се однесува на правата на децата. На пример, дали знаете дека родителите немаат прво да објавуваат фотографии од своите деца против нивната воља, ако децата се постари од 7 години?

Но, што ако се пронајдете на некој медиум, и ако вашите права се повредени? Тогаш треба да го контактирате уредникот. Надлежниот уредник има лична и целосна одговорност за содржината. Таа / тој ќе биде вистинската личност да ја контактирате ако постои нешто што верувате дека ви нанесува повреда. Можете да најдете информации за контакт со уредниците на веб страниците на секој медиум посебно.

За жал, добар дел од медиумите ниту имаат импресум, ниту редакција. Во општ случај за жал законот наложува едно, но во пракса се случува друго.

Дополнително, платформата им помага на корисниците со тоа што може да ги избрише корисниците наместо нив. Корисникот поднесува пријава и потоа сервисот ја презема одговорноста за бришење на профилот или профилите.

За навистина МНОГУ повеќе податоци посетете го DeleteMe.mk.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии