Дел од идеите замислени за Project Glass се префрлаат на Tango

Пред неколку години Google ја презентираше својата замисла за проширена реалност. За жал, Project Glass не успеа, а со него пропаднаа неколку одлични замисли за апликации.

Сепак Google има нов план. Kомпанијата планира дел од најинтересните апликцаии да ги префли на Project Tango. Засега нема доказ за ова тврдење, но компанијата GuidiGo која го креираше водичот за музеј сега има нова, уште поневеројатна апликација.

Апликацијата им овозможува на посетителите на Detroit Institute of Arts да ѕирнат и да погледнат работи кои вообичаено не би можеле да ги видат. На пример, можат да го отворат саркофагот и да ја видат мумијата, да погледаат рентгенска снимка на мумијата или да разгледаат некој пергамент.

Дополнително кога се пред „Портата на Иштар“ проширената реалност им овозможува да го погледнат релјефот каков што бил пред 2.600 години. Реставрирана и со истата боја како да е изградена пред неколку дена.

Тимот на GuidiGo започна со изложба во Detroit Institute of Arts, но веќе планираат постановки и за други институти. Tango уредите барем на првата изложба ги обезбеди Google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии