Defiance и Defiance 2050 згаснуваат за само два месеци

Defiance постои добри осум години. Defiance 2050 – три години. За сето тоа време, оваа ММО игра вложуваше напори да привлече играчи, но таквото нешто се чини тешко без воведување нови содржини. Последните неколку години се правеше само рециклирање на едни исти настани и агресивно продавање кутии со плен.

Авторот на овој текст е огромен фан на Defiance и, низ годините, има традиција од константно навраќање на играта и дружење со кланот. Повеќе е од очигледно дека бројот на играчи е намален, но одредена база од играчи и понатаму останува со насловите. На Steam можат да се најдат од 50 до 100 играчи во кое било време, без да се земат во предвид играчите кои се на Glyph платформата. Со играта се дружиме и преку Xbox и преку PS4. За време на последниот новогодишен настан од пред два месеци, светот беше полн со PS4 играчи, особено за време на групните настани.

Defiance 2050 Stream Details Four New Classes

Претставници од социјални мрежи за Defiance (2050) постојано потсетуваа дека имаат длабоки попусти не само на нивни бројни пакети со класи туку и на дигиталната валута. Паралелно со ова, агресивно покриваа кампања за пошумување каде сите играчи кои ќе купат одреден пакет, директно ќе допринесат за садење дрвја онаму каде се најпотребни.

Искрено сме изненадени од одлуката да se згаснат игрите. Ужаснати сме од краткиот пост каде во еден параграф се искажува огромно жалење за згаснување на играта, а во друг параграф се користат маркетингшки таргет зборови за тоа што би можеле друго да си играме сега кога „нашата омилена игра згаснува“. Разочарани сме од начинот на кој известија дека дигиталната валута повеќе не може да се купува, а оние кои веќе имаат купено имаат 95% попуст на сите работи во продавницата.

Defiance 2050 Review - Gamereactor

Иако серверите згаснуваат на 29 април, сепак ништо од продавницата не даваат за бесплатно. Туку само прават 95% попуст за сите оние кои веќе имаат купено bits. На сите останати кои немаат купено bits се нудат “награди” во другите игри од Gamigo каталогот, игри како Trove, Desert Operations ArcheAge. Какви награди? Кога го читате постот ќе забележите дека за Trove кажуваат за тоа каква награда добивате, но за останатите игри само ги имаат копирано првите реченици од описот за игрите, не ни кажуваат што дава купонот.

Оние кои трошеле bits во последните 60 дена, добиваат поврат од 100%, но за некоја друга игра од нивното портфолио. Оние кои ја трошеле дигиталната валута во последните 30 дена, добиваат поврат од 200%. За тоа, треба директно да се контактира нивната поддршка.

Збогом Defiance и Defiance 2050.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии