Defiance 2050 излегува во јули, но за кого?

Кога беше најавена Defiance 2050, многумина помислија дека се работи за содржителна надградба, не само во графичкиот дел, туку и во системите, приказната и способностите. И, потоа, почнавме да добиваме се повеќе и повеќе информации и молневито брзо разбравме дека Defiance 2050 не е нова игра, туку само закрпа маскирана во форма на нова игра.

Суптилно надградена и оптимизирана графика, со непотребно искомплицирани системи каде одредени способности се заклучени и бараат грајнд сесии за нивно отклучување или плаќање вистински пари. Апсолутно никаква нова приказна, нити пак метар-квадратен дополнителен простор за истражување. Defiance 2050 е закрпа која само селективно ја подобрува графиката и врши срамежлива рекалибрација на познатите системи. Вакво нешто, во старите добри времиња се викаше закрпа, но доколку тимот зад Defiance оди со таква најава нема да добие ништо. Наместо тоа, Trion реши да рекламира целосно нова игра, да им удри клоца на 500 играчи на играта од 2013 година и да привлече целосно нова публика од гејмери кои се правилно загреани за Destiny 2 клоновите. На овој начин, се шминка шест години стара игра и се пласира на ист пазар до останатите модерни шутери од овој жанр.

Оние на кои не им смета ваквата манипулација или пак имаат целосно различно видување на проблематиката, ќе можат да се втурнат во Defiance 2050 побрзо отколку што се претпоставуваше. Од 22 до 25 јуни на располагање ќе имате отворена бета каде што ќе можете да ги пробате класите, оружјата и системите за напредување. Веќе од 10.јули, играта ќе биде достапна за играње. Во случај да го купите Founder’s Pack, тогаш ќе добиете предност од четири дена и ќе можете да започнете со играњето на Defiance 2050 веќе од 6.јули.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии