Деактивирајте го UAC во Vista

IT.mk редакција

во Совети

{mosimage}Кога прв пат почнав да користам Windows Vista страшно бев изреволтиран од постојаното јавување на User Access Control опцијата која Microsoft ја претстави во новиот оперативен систем со цел да им порача на корисниците дека се на чекор од правење на нешто што може да влијае на работата на оперативниот систем или апликативните програми.

Оваа опција несомнено е добра за неискусните корисници кои кликаат насекаде (и тоа по обичај на опциите "Да" кога ќе им се појават прозорчињата "Дали сте сигурни дека сакате да го направите тоа?" со што во поголем број од случаите прават штета) затоа што ќе им напомене дека треба да внимаваат при менување на опциите. Но за поискусните корисници UAC претставува непотребно губење време и “трошење на енергија” во непотребни кликнувања на маусот или Enter/Space копчето… па затоа откако разгледав наоколу во новиот оперативен систем, се нафатив веднаш да откријам како да ја оневозможам UAC опцијата.

За да ја оневозможите досадната User Access Control опција постојат неколку начини, еве ги најлесните два:

{mosimage}

– Преку MSconfig
1. Во старт менито, во Run… внесете MSconfig
2. Кликнете на Tools табот и во долното мени најдете ја опцијата "Disable UAC"
3. Кликнете на копчето "Launch"
4. Ќе ви се отвори Command Promt прозорец кој слободно ќе можете да го затворите после неколку секунди*
5. Затворете го MSConfig и рестартирајте го вашиот компјутер
* со овој чекор практично ја извршувате командата:
C:WindowsSystem32cmd.exe /k %windir%System32reg.exe ADD HKLMSOFTWAREMicrosoftWindowsCurrentVersionPoliciesSystem /v EnableLUA /t REG_DWORD /d 0 /f

– Преку Regedit
*не заборавете да направите бекап на регистарските клучеви за секој случај
1. Отворете го Regedit преку старт менито и Run.. со внесување на Regedit
2. Во едиторот пронајдете го следниов клуч:
HKEY_LOCAL_MACHINESoftwareMicrosoftWindowsCurrentVersionPoliciesSystem
3. Пронајдете ја следнава вредност (DWORD):
EnableLUA
4. Зададете и вредност 0
5. Затворете го едиторот и рестартирајте го компјутерот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии