Dead Rising 4 е достапна на Steam!

Четвртиот продолжеток на играта која не сака ништо повеќе отколку да ви дозволи да се облечете во фустан и да најдете креативни начини за убивање орда од зомби другарчиња конечно излезе за Steam. Dead Rising 4 всушност излезе уште во декември, 2016 година, но поради договорот за временска ексклузива, насловот беше овозможен за продажба и играње само преку Microsoft Store, што беше разочарувачко за сите кои не се сопственици на Windows 10.

Dead Rising 4 ја има истата цена како во декември, но доаѓа со бесплатна надградба во која е вклучено My bloody Valentine, две нови нивоа на тежина, Hard и Blackest Friday, како и пакетот од Street Fighter костими. Покрај основната игра, на располагање ја имате и сезонската пропусница која отклучува пристап до Stocking Stuffer Holiday Pack, Frank Rising и Super Ultra Dead Rising 4: Mini Golf.

За краткото време, Dead Rising собра 75% позитивни рецензии на Steam. Metacritic просечната оценка пак, е 76 поени, а видните рецензенти ја претставуваат како екстремно забавна игра која во ниеден момент не се смета за сериозен наслов (GameStar) и дека и понатаму ги задржува најдобрите гејмплеј елементи кои се препознатливи за серијалот (IGN). PC Gamer сметаат дека иако играта е премногу лесна, убивањето зомби во отворен свет и понатаму останува најзабавниот дел за серијалот. PCWorld, меѓутоа, ѝ дадоа само 60 поени и објаснија дека Dead Rising 4 нити е класик, ниту одлична Dead Rising игра и дека сите уникатни гејмплеј елементи за серијалот се исчезнати.
Крајот на временската ексклузива значи дека сега многу поголем број гејмери ќе ја добијат уникатната можност да формираат нивно мислење, доколку, се разбира, можат да излезат во пресрет на хардверската побарувачка.

Минимум:

  • OS: Windows 7 64-bit
  • Процесор: Intel i5-2400 или AMD FX 6300
  • Меморија: 6GB RAM
  • Графичка карта: Nvidia GeForce GTX 760 (2GB) или AMD Radeon HD 7850 (2GB)
  • DirectX: Version 11
  • Простор: 50GB

Максимум:

  • OS: Windows 10 64-bit
  • Процесор: Intel i7-3770 или AMD FX 8350
  • Меморија: 8GB RAM
  • Графичка карта: Nvidia GeForce GTX 970 (4GB) или AMD Radeon R9 290 (4GB)
  • DirectX: Version 11
  • Простор: 50 GB

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии