DB Tool е нова македонска апликација за работа со бази на податоци

DB Tool е нова апликација изработена од Стефан Костоски. Апликацијата овозможува едноставно пребарување низ базите на податоци. Апликацијaта е направена со Xamarin технологија и е достапна за сите мобилни платформи и за Windows десктоп.

Станува збор за малечка апликација која засега поддржува единствено MSSQL и MySQL и единствено „select query“. Г. Костоски се надева дека во иднина ќе ја прошири оваа функционалност.

Апликацијата е достапна на Android, iOS и Windows. Со оглед на тоа дека е проект од ентизујазам, засега апликацијата е потполно бесплатна за користење. DB Tool е наменета за девелопери и корисници кои почесто работат со бази на податоци.

Станува збор за „лесна“ апликација, дури и десктоп верзијата е околу 50 MB. Најголема предност и се брзината и едноставноста при користењето. DB Tool може да ја преземете од: Google Play, App Store или Windows Store.

Стефан е отворен за прашања и сугестии за апликацијата, па ако имате некоја идеја или прашања, контактирајте го.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии