Dawn of War 3 демо приказ и отворена бета

Со отворената бета на прагот, Relic реши да покаже четириесет минутен видео приказ од тоа што ќе се случи кога трите фракции од играта ќе решат да ги откопаат воените секири.

Во долгиот 3v3 меч, целосно можат да се забележат клучните промени во играта, особено огромното влијание на MOBA правилата врз гејмплејот. Токму поради ова, во третиот дел, играчите, Space Marines, Orks или Eldar, имаат за цел да го уништат Power Core на непријателските тимови, но за да дојдат до него, прво мора да ги уништат штитовите, а потоа и кулите. Ваквиот начин на игра ги има поделено фановите и иако една група ја има прифатено ваквата модернизација на стратешкиот жанр, друга група е сè само не импресионирана од вмешувањето на MOBA елементи онаму каде што не им е местото.

Во случај да ви се допадна видеото и сметате дека новитетите се само за вас, дефинитивно проверете ја и отворената бета. Шансите се дека ќе бидете пријатно изненадени и од новите Елити – моќни херои кои имаат значително влијание во бојното поле. Дополнителна свежина се воведува и преку улогата на доктрините, новиот систем за прикривање и прикрадување. Сево ова и многу повеќе е објаснето во горното видео од режисерот на играта, Филип Боул и дизајнерката Керолина Мастрета.

Dawn of War 3 излегува на 27 април. Во меѓувреме, проверете ја бетата!

Барате некоја друга нова игра? Консултирајте се со нашата листа од игри кои веќе излегоа или допрва ќе излезат месецов!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии