Предводена од Давор Руње, хрватската Drap стана една од најкреативните маркетинг агенции во регионот. Нивните кампањи, кои успеваат, се дизајнирани да ja пренесат онлајн комуникацијата во офлајн светот каде корисниците се дружат со брендот и стануваат лојални купувачи. Tука се одличните кампањи за Nescafe со која се подаруваа препознатливите црвени шољи, или пак кампањите за Krash со кои се подаруваат чоколадца како љубовна порака. Krash се покажа како иновативен клиент, па му дозволи на Darp да проба експеримент и да изгради вистински зоолошки парк дизајниран од фановите.

Клучот кон такви успешни онлајн и офлајн кампањи, како што ги прави Drap, е да најдете начин да ги поврзете двата света, вели Давор Руње во својата презентација на неодамнешната конференција за онлајн маркетинг, AllWeb 2014. Во моментов брендовите го користат Facebook и друштвените мрежи како гласовна табла, за да зборуваат само за себе и за своите продукти, што, вели г. Руње, е погрешно. Брендовите треба да ги користат друштвените мрежи за интеракција со своите корисници. Треба да се искористи Facebook како платформа каде се креира заедница, на која ќе и дадете моќ да зборува и да каже штос сака од продуктот; а потоа да се одведе надвор, во офлајн светот, каде ќе се продолжи дружбата.

[youtube]5GvG-CvBATk[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии