DataReportive е сервис за извештаи и анализа, направен од македонски програмери

Најголем дел од добрите идеи доаѓаат од потреба. Слична е и приказната со сервисот DataReportive, кој беше интерен дел од Najdidom.mk. Сега неговите креатори, Игор Стаматовски и Игор Попов од него направија самостоен сервис, кој ќе им помогне на многу корисници.

DataReportive овозможува креирање на метрики и извештаи директно од SQL базите на податоци. Сервисот кој во моментов е во пробна фаза може да се поврзе со: MySQL, PostgresSQL, MS SQL Server или Amazon Redshift. Понатаму врз база на овие податоци се креираат метрики и извештаи, кои корисникот може да ги дистрибуира директно од DataReportive.

Сервисот има неколку планови за претплата. Бесплатниот поддржува до 3 корисници и 20 метрики; основната претплата чини 50 долари и поддржува до 20 корисници; а напредниот модел чини 150 долари месечно, а поддржува неограничен број на корисници.

Сите учесници во пробната фаза можат да го споделат своето мислење и сугестии со креаторите на сервисот.

data-reportive-pic2

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии