Зошто вашите податоци можат да му помогнат на модерното општество

Таргетираните реклами се дизајнирани да го следат корисникот и да „ги научат“ неговите интереси, дури и пред тој да ги сподели истите со најблиските. Податоците не се само сет на точни податоци, туку се чекор понатаму вод предвидувањата кои го класифицираат корисниците во категории на можни слични интереси. Иако ова звучи воајерски, сепак претераното следење на податоци има свои предности.

Користењето на таргетирањето и учењето на навиките, може да се користи и за добри работи. На пример, градовите често благодарение на овие податоци можат да го подобрат животот на граѓаните. Еден пример е германската општина Висбаден која шест месеци собираше податоци за локациите на кои треба да се изградат велосипедски патеки. Градот Њујорк, на пример, ги следи огласите за исфрлање на кираџиите, и врз база на овие податоци се обидува да открие кој е во опасност да биде бездомник, и навреме да ги спречат последиците.

Веќе неколку пати пишувавме и за алгоритам и за софтвер кој предвидува каде е поголема опасноста од криминал, организира најдобри рути за патролирање на полицијата, па дури и софтвер кој предвидува криминал. Софтверот станува сѐ подобар, па така сѐ подобри се препораките на алгоритмите на сајтовите и апликациите за пронаоѓање на партнери за романтична врска. Апликациите како Tinder се хит во светот, бидејќи сега можат полесно да ја најдат „сродната душа“. Податоците кои се прибираат овозможуваат подобри и поточни финансии, здравство, и овозможуваат персонализирано образование.

Анализата на таканаречените „big data“ ќе овозможи научниците да одговорат на прашања кои се чинат пресложени. Дел од нив можеби ќе ги решат проблеми со прекумерната тежина, или да ја прекинат врската помеѓу сиромаштијата, прекршоците и затворските казни, вели FastCompany во својата одличен текст за како големите податоци можат да му помогнат на модерното општество. За возврат, корисниците треба само да се согласат да бидат следени, за добри цели.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии