ДарувајКрв – мобилна апликација за сите крводарители

„Да спасиме живот, да донираме крв! Преземи ја ДарувајКрв денес!“ е мотото на развивачите на новата мобилна апликација „ДарувајКрв“. Апликација е наменета за сите оние што даруваат или сакаат да даруваат крв. Зад неа стои активистот и програмер Горјан Јовановски, заедно со Александар Богданоски и Стефан Велковски, како и здружението на крводарители и поддржувачи на крводарителството „Крводарител“ – Скопје.

„Она што недостасува кај нас е баш ваква апликација каде што ќе бидат прикажани сите акции и настани, како од здруженија така и од институциите. Се надевам на соработка со сите кои може да придонесат за општо добро. Во иднина изнаоѓаме решение како да помогнеме се повеќе граѓани кои имаат можност да даруваат ковалесцентна плазма, да се информираат преку апликацијата за чекорите на дарување, и со тоа да помогнат на оние на кои навистина им е потребна во борбата против ковид 19.“ – вели г. Богданоски.

Апликацијата секоја недела ќе ги информира крводарителите и заинтересираните за крводарителски акции што се организираат низ Македонија од разни здруженија. Со тоа ќе знаат кога во нивниот град ќе има крводарителска акција или побарување од некоја крвна група.

Во моментов апликацијата е достапна само за aндроид уредите, но наскоро ќе биде објавена и iOS верзија.

За следната верзија која треба да биде пуштена наскоро се најавени нотификации, кои ќе го известуваат секој корисник на апликацијата кога ќе има акција во неговиот град или побарување на одредена крвна група.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии