DARPA работи на пребарувач за „длабокиот Веб“

DARPA работи на пребарувач за „скриениот интернет“ или „длабокиот Веб“, што e мрежа над 400 пати поголема од Вебот што го знаеме. Името на пребарувачот ќе биде Memex и ќе ја олесни работата на полицијата, војската, па дури и приватниот сектор во потрага по анонимните сајтови и, често, криминалците, јави CBS.

Пребарувачот пред се е наменет за полицијата која ќе може да следи што се случува на скриениот интернет, каде криминалците купуваат, продаваат и рекламират оружје и трговија со бело робје, вели Крис Вајт. Во моментов креаторите на Memex пронаоѓаат начини за индексирање на страните на скриениот Веб, но и анализа на соодносите на содржините на скриениот интернет. DARPA на овој проект работи со осум партнери, кои засега остануваат непознати.

За да презентира релевантни податоци пребарувачот нема само да собира податоци од обичните веб страни, туку ќе ги регистрира и сајтовите на скриениот интернет како оние со .onion наставки преку кои се пристапува преку анонимниот прелистувач Tor. Први на удар ќе бидат токму трговците со бело робје, па Memex започнува со изнаоѓање и додавање на нови начини за пронаоѓање на трговците со луѓе. Иако на моменти изгледа дека ја следат IP-адресата, г. Вајт вели дека IP-адресата е најнебитен податок кој го анализираат и дека се фокусираат на влезните точки за податоците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии