DARPA преку видеоигра ќе креира воени стратегии

Техничкото крило на воената индустрија на САД, DARPA, преку гејминг ќе доаѓа до подобри воени стратегии. Новите технологии треба да помогнат на војската полесно да се снајде во урбани средини. Урбаната средина често е предизвик во комуникацијата, движењето па дури и можноста за снабдување со потребните ресурси. Решението на DARPA се дроновите.

Агенцијата сака да креира видеоигра со која ќе може да развива оперативна тактика и маневри. Она што најверојатно го претпоставувте е дека за ова ќе бидат потребни гејмери и најверојатно бескрајни повторувања. Агенцијата веќе објави дека работи на развој на ваква видеоигра.

Една од причината за овие тестови е новата тактика со дронови која сакаат да ја испробаат. За подобра прегледност на теренот, војската сака да користи цели флоти на десетици па и стотици дронови кои ќе го надгледуваат теренот и ќе овозможуваат подобраа видливост и формирање на потребната стратегија. За оваа цел армијата сака да користи и копнени, но и воздушни дронови.

„Со технологијата и тактитката развиена под OFFSET, очекуваме подлабоко разбирање на начинот на кој голем број на автономни летала и роботи можат да се користат за урбани операции. Се надеваме дека ќе успееме да обезбедиме алатки кои набрзина ќе генерираат тактика на јато, ќе ја оценат оваа тактика и ќе интегрираат најдобра тактика на боиштата.“, вели Тимоти Чунг од DARPA.

Првите предлог решенија ќе бидат презентирани веќе од 30 јануари следната година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии