На DARPA Challenge 2.0 ќе се натпреварува вештачка интелигенција

DARPA Cyber Grand Challenge е замена за досегашниот натпревар за роботика. Но, овој пат наместо роботи ќе се натпреварува вештачката интелигенција која ќе треба да најде најдобра заштита на податоци. Во натпреварот ќе учествуваат 7 тима кои се натпреваруваат за награда од 2 милиони долари.

Иако софтверот е создаден од тимови, откако ќе започне натпреварот тој ќе функционира независно и луѓето нема да се мешаат во работата. Компјутерите ќе треба да пронајдат безбедносни пропусти, и истовремено да се бранат од нападите на конкурентите. Засега не е познато какви ќе бидат натпреварите, но и какво ќе биде бодувањето, па тимовите ќе мора да бидат супер разновидни, вели Verge.

Тимовите кои ќе учествуваат веќе ги поминаа тест фазите. Секој од тимовите помина неколку квалификации, а нивните програми можат да напаѓаат и да се заштитат. „Мора да мислиме на автономност, но и контра-автономност. Луѓето можат да пронајдат слабост, во нашиот систем“, вели Дејвид Брамли, кој е дел од тимот ForAllSecure.

Неодамна Илон Маск предупреди на опасностите кои може да ги предизвика вештачката интелигенција на овој натпревар. Тогаш тој предупреди дека DARPA ќе биде одговорна за „оживувањето“ на Skynet. И наскоро ќе видиме дали г. Маск е во право.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии