Darksiders 3 напаѓа во 2018 година

THQ Nordic ја најави работата на Darksiders 3. Овој пат играте со Fury, сестрата од четирите коњаници, а вашата цел е да им ставите крај на побегнатите седум смртни гревови.

Како што можевте да забележите од трејлерот, War се наоѓа во незавидна ситуација, но затоа Fury може да растура на сите страни и да докаже дека таа е најмоќната од коњаниците.

„Како волшебничка, Fury се потпира на нејзиниот смртоносен камшик и магија за да постави баланс помеѓу доброто и злото“, објаснува официјалниот опис и додава дека проширениот свет од Darksiders 3 е во динамична и отворена форма, а ја прикажува планетата Земја како целосно истрошена од војна и надвладеана од природата. Студиото планира да ве шета од една до друга локација (и назад) за да откривате тајни кои се клучни за одмотување на приказната.

Во случај да се изненадивте од тимот кој стои зад Darksiders 3, Gunfire Games е всушност студио составено од поголемиот дел девелопери кои работеа на претходните две игри и, според издавачите THQ Nordic, нема тим кој би бил подобар во создавањето на Darksiders 3.

Трејлерот тврди дека играта ќе излезе некаде во 2018 година, но на Amazon веќе некое време стои дека Darksiders 3 излегува на 31.декември 2018 година.

Darksiders е акционен hack and slash серијал кој собра фанови во 2010 година со коњаникот War, а целосно ги освои во 2012 година со протагонистот Death. Во 2015 година, Darksiders II: Deathinitive Edition ги собра сите додатоци на едно место, го подобри гејмплеј системот од одредени аспекти, а и ја затегна графиката. 2016 година го одбележува истиот таков обид за римастер, но за првата игра. И двата римастери бесплатно се подарија на сите претходни сопственици на игрите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии