43 коментари на “Дали ви треба дозвола за креирање на брендирана апликација? Се чини дека да…

  1. Под било кое име да ја стави дури и да ја земе цела база и да ја направи апликацијата локална ЗК имаат начин и право како да идентификуваат дека тоа се нивни податоци и да го спречат тоа со сите можни правни алатки што им се дадени на располагање…. Од друга страна и ние имаме право да ги спречиме овие request-и и на крајот ќе бидеме компензирани за тоа…

    Јас сум првиот што се бори за слободен софтвер и слично ама слободен незначи бесплатен или на штета на други, размислете убаво ..

  2. На крајот,
    Доколку истиот човек не контактирал, ќе сме му објаснеле дека постои JSON сервис баш за таа намена, исто како што го направија студентите од ПМФ кои развиваат ап за blackberry… Нема што да се крие ако иде во бенефит на сите, а да се настапува како дека некој измислил тркало од ново е первезно и кажува за карактерот на истиот….

    Уште една работа, едно е да одиш на zk.com.mk со пребарувачот друго е да отвориш апликација која го мота се тоа и немаш осет ниту знаеш дека тоа е зк. Ако ЗК одлучат утре да стават captcha на клик за верификација на пребарувањето? Кој е крив дека не функционира апликацијата?

  3. Многу е просто ,

    На неколку наврати добивме инфо како се плашиме од конкурентска апликација. Сега би ги прашал сите како е конкурентска ако ги исклучиме серверите нема да работи ни таа. Значи не станува збор за конкуренција и слично, станува збор за обичен скрејпер кој воошто не е тешко да се направи (впрочем му ја олеснуваме работата на Google, ама сакаме Google лесно да го парса сајтот). Но некој да се фали како направил "апликација" за ЗК тоа е неразумно. Да не направил и транслитерација случајно, и еден милион case study и test cases? Уште и коментари за организацијата на урлата и слично….

    Многу е просто, толку е просто што во секој момент може да се стави во конфигурацијата да не сервира реквести што не дошле од ЗК… Е сега доколку проба да прави patch на тоа (referrer и слично, да криеш user-agent,?), веќе е незаконски, затоа што авторите јасно ти ставиле на знаење дека не сакаат да ги скрејпаш или веќе што и да е . Од друга страна секое време потрошено на заштитување од вакви печови некој треба да го плати, а сигурно тоа нема да биде ЗК.

  4. Не требаше да објавите ваква вест.

    Многу подобро ќе беше обичен Retweet на постот на гемиџи. Ова е стварно епик и трач.

    1. Да, во право си, бидејќи на самиот почеток кога го прочитав текстот не верував дека има кој знае што за пишување. Златна книга ситуацијата ја пратев од самиот старт, за да објавиме текст за апликацијата. Ја тргнаа. Ние немаше да напишеме текст. Нема проблем, тоа се случува.

      Но… се дигна неверојатна драматична врева и заклучивме дека ова мора да се објасни. Не може да се оди само со погледот на Gemigjy бидејќи е премногу субјективен. Тоа резултираше повеќето да дигаат галама без да сфатат за што се работи, важно да е против естаблишментот. Затоа сакавме да го имаме ова како локален пример и објективно објаснување за глупости што можат да се случат при креирање апликација. Вклучивме дел од сите, ЗК, ИТЕА, Gemidjy дури и Новица, кој има доста добри интерпретации на законите, со цел да има објективност со аргумент од сите страни.

      После сево ова и злобните подмолни погледи кон нас, може да се каже дека и си во право, но мораше да се објасни. На крај, целта е не да не се прават апликација, туку да се направат како што треба за да може да ги користиме.

  5. Името на апликацијата асоцира дека е официјална апликација од Златна Книга што Златна книга се во право, може утре програмерот да го смене кодот и да им зема приватни информации или појавува погрешни информации на корисниците. На крај корисниците ке ја обвинуваат златна Книга за ова сметајќи дека тоа е официјалната апликација.

    Од друга страна дека ги оптеретува серверот апликацијата е ЧИСТА ГЛУПОСТ!
    Ако имаш зголемен број на посети КУПИ СИ ПОЈАК СЕРВЕР!

    За крај @gemidjy има решение. Прекрсти ја апликацијата во ЗК-ИНФО или слично во законски рамки а блиску до нивното име. Пак ќе имаш корисници и пак ќе им се "оптеретуваат" серверите.

    1. Можеби Gemidjy треба да си ја објави апликацијата како што е, па ќе ни каже од прва рака. :))

      Мислам, не треба „истражувачко новинарство“ да ти потврди тоа, не ни има место за глупав цинизам, треба само да знаеш да внесеш термин во пребарувач. http://88.85.115.2:81/SOIP_Moduli/Trgovska_MarkaP
      http://twitpic.com/42k9or

      Текстот е само case study за што се случува, да им се најде на другите. А што понатаму со ЗК, истражувања и други работи нека си ги прави девелоперот. I r done.

      1. согласно ова има некоја терговска марка во некои класификации што остава многу простор за правна дискусија … сепак агресивноста на засегнатите према девелоперот е далеку од правдана …
        инаку колку за инфо немањето на официјален позитивен/негативен осговор на официјално писмо се смета за премолчено одобрување што со одредени правни маневри може да се искористи во корист на девелоперот … ако на тоа се додаде дека трет ентитет неовластено барал нешто додека превиот ентитет правел закани по телефон…

        сепак на крај потегот на девелоперот е јасен – нема понта да се брка по правни лавиринти со некој кој нема правилен сенс за придобивките од проектот … она што останува за него е претрпениот стрес поради вулгарноста на менаџерот – штета што ова не се случува на друго место па да плати оштета за закани по телефон…

      2. не, баш тоа е истражувачко новинарство..
        пошто за http://88.85.115.2:81 никад не сум чул, а и не ме интересира да барам.

        можеш и текстот да го апдејтираш, пошто до сега ова е единствен релевантен податок

      3. хахаха стварно, стварно, пошто ти не си чул тогаш не е важно… :))) Неверојатно.

        Многу јасно пишува во текстот дека Златна книга е трговска марка и каде го пишува тоа. Тоа што ти го оспори патентот за субјективна заштита на Gemidjy не е воопшто централната точка на текстот. Текстот е case study, пример за што се случува, на што да се внимава, што да се истражи. Споделување знаење и искуство, ако ти звучи попознато.

        Сите за и контра аргументи и критики ги приваќаме, текстот секогаш може да се смени, информациите да се прошират. Но… твоите коментари се премногу лично насочени и без аргументи за да ги сфатам озбилно, посебно за спор во кој не сме ни инволвирани, туку се обидувам да бидам објективен.

        Твоите се лична и глупава критика, бидејќи текстот најмалку е истражувачко новинарство, што цинично го повторуваш, а знам и зошто. Место да ти објаснувам, прочитај… http://en.wikipedia.org/wiki/Investigative_journa

  6. It.com.mk go cekam deno za ferhunde ko ke pisite post, neznam kako naleyav na ova izgleda preku time. I mozi da se rebrendirate vo trac.com.mk … vo koj del od it spaga muabetov ? Ili kako stalno site ste experti ( momentalno pravnici). Za privatizacijata na telekomo pisete posto i to it majti … sminkeri

  7. @Dragi go opravduvam Aleksandar samo poradi negovata naivnost i entuzijazam!
    Vo prethodniot komentar napisav kako moze da se napravi aplikacija i na nikogo nisto da ne mu e… eve predlog za kreiranje na konfigurabilen crawler za android. Epa zaednico povelete i ke imame readeri za site servisi. Se sto ke treba da delime se konfiguraciski fajlovi normalno za sajtovi koi toa go dozvoluvaat :).
    Ajde developeri zastapnici za open source da kreirame edna takva aplikacija i da ja stavime so MIT licenca.

      1. od ovoj komentar tvoj se gleda ustata ti e pobrza od mozokot nisto povekje i bash toa e pricinata poradi koja se sluci ova sto se sluci. Pak ke ti kazam ako si / ste za povelete ke ja pravime aplikacijata, ke pravime commit na github pa site ke mozat da uzivaat vo aplikacijata … Ako ne ti odgovara licencata kazi … ili ne cini MIT sakash da te pisuva na kodot po sekoja cena … :D ?

      2. Не бе, ок. MIT нека е. Дај да видам шо си работел претходно, па ќе стапиме приватно во контакт и ќе правиме шо ќе правиме.

      3. Во ред ќе ти кажам само сакам да знам ( откако ќе се сложиш да работиме заедно ) дали може во CV да ставам дека сум работел со тебе на проект. Најискрено ова !

  8. Прашањето во насловот е погрешно поставено и создава дополнителна забуна. Треба да биде: дали ви треба дозвола да направите андроид апликација со што ќе комуницира туѓ бренд?

    Одговорот накратко е не ви треба дозвола. Надолго, веројатно треба да се размисли за некои правила во зависно од брендот и апликацијата, но во конкретниов случај, одговорот е цврсто *не* за дозволата.

    1. Cmon Новица. Некој да направи апликација за It.com.mk со име и логоа без прашање треба јас да му кажам браво од прва? Ако не функционира како што треба? Ако е fail, ако има проблем? Ако јас планирам официјална апликација?

      Не е поентата дали е добро дело, корисно или не. Gemidjy не ги прашал, а требало. Користи туѓо име/бренд. Го изгасиле. Тој објавил пак. Зошто? После тоа нормален одговор е да се заштитат повикувајќи се на закон + имаат планови за официјална апликација. Проблемот не се адресите и телефонските броеви. Проблемот е логото, со тоа и претставувањето. Не е прв пат бренд да си заштитува име.

      Поентата на овој пример е дека девелоперите треба да се истражат што сакаат да направат пред да го сторат тоа, за да не се случат глупости и инциденти.

      1. И? Ти дадоа дозвола да го користиш нивното лого и име? Ти рекоа не, ние правиме официјална апликација?

      2. Виктор, не сфаќам што ти е прашањето. Дали сакаш да ме прашаш како треба ти да се чувствуваш ако некој направи апликација за it.com.mk пред ти да ја направиш, или ме прашуваш дали имаш законска основа да се противш на тоа?

        Пошто ако се за чувства, не знам како да ти помогнам.

      3. Не за џабе се регистрираат трговски марки, заштитни знаци и патенти.

        nvm, Новица. Поентата ми беше да биде ова пример, за други девелопери да си research кога работат нешто. Како и што се случува со апликацијата, ЗК и законот, не ме интересира веќе.

      4. А што ако златна книга не ги регистрирала трговските марки? Пошто досега и нема доказ за тоа. (Патенти немаат врска со ова)

  9. Адресните податоци кои ги компајлираат Златна и другите „книги“ се јавни информации. Според тоа, не потпаѓаат под авторски заштитени податоци.

    Балаловски им влегол у „џигер“ на провајдерите на информации кои, објективно гледано, вложуваат пари за да ги објават овие не-нивни информации на Интернет. Затоа, делумно и со право, нервозно реагирале.
    ИТЕА, се нашла погодена поради „мешање у штипки“ (тие продаваат, а друг дава бесплатно), па и тие почнале да делат правда.

    Ниедна од заканите кон Александар не држи и не поминува на суд, бидејќи тужителите мораат да докажат штета, која ја нема во случајов.

    Само, во целата ситуација, наместо да пушти да се слегне прашината, Балаловски прави циркус и докажува дека е во право, по малку идеалистички наивно повикувајќи се на „слободата“ на Интернетот. (Која не постои. Постои само проценката дали се исплати некого да тужиш — дали имаш пари, ресурси и докази за тоа.)
    Кога ќе стекне доволно искуством Александар ќе разбере дека сето ова не вредело толку бука.

    Невен Пејков дава одличен план како сето тоа да се изведе и евентуалната вина да се „распореди“ на целата заедница, а со тоа да стане „неутужлива“. Му честитам.

  10. FB, Twitter, Google si imaat API koe mozes da go koristish po odredeni pravila. Znaci servisot sam si gi opredeluva pravilata, a ne nekoj si developer. Slucajov kako slucaj eskalirase za babino zdravje … t.e. pocnaa site da kukaat deka aplikacijata bila blokirana. Ke se povikam na prethodni diskusii sajt im e dvor im e i tie si se glavni tamu. Ako Aleksandar napravese konfigurabilen android crawler i zaednicata si delese konfiguracija za ZK togash nikomu nisto, no vo slucajov pravi bash aplikacija i ja redi na nekoj si store za aplikacii. Poednostavno ke bese da si napisese eden blog post kako ja napravil aplikacijata i koj ja saka da mu pise mail ili da dade samo source… ama mora da se znae koj e i sto e. btw aplikacijata e 3 klika i za dzabe se kreva prasina. Igor od ITEA e vo pravo vo vrska so toa deka Aleksandar nemoze da garantira za aplikacijata, bashka i zlatna kniga pisuva. Da treba da se odbrani od cela zaednica deka ne treba nikoj da mu se zakanuva ili nesto slicno, no ova treba da bide samo edna pouka za site nas developerite malku da pomislime pred da napravime bilo sto!

    1. Здраво Невен,

      дали го виде изворниот код., со оглед на тоа што гледам дека интерпретираш техничко познавање. Мојот код не се разликува во ниту еден момент од обичен Web Browser. Повикува УРЛ, добива HTML – Прикажува резултат. Тоа го прави и Daily.mk и други слични вакви сајтови. Не гледам ништо спорно. Не крадам содржина и не чувам содржина складирана некаде. Да, најпрво беше направен обид за блокирање на апликацијата со пореметување на некои делови од сајтот, па тоа беше ажурирано од моја страна. Фактот што апликацијата е толку едноставна со 3 клика дава дополнителна тежина на ситуацијата. Ако тие реагираат така за толку проста, како што велиш, апликација за која според тебе нема потреба од кревање прашина, како би реагирале во посериозна ситуација? Или секогаш ќе ѕвонат со закани за тужби? Јас не им сум ни конкуренција. Најјако е шо Игор Јаневски во ситуацијата се постави како Господ. Кој фактор?

      Велиш „ние девелоперите“. Јас би сакал да се запознаам со тебе, да споделиме шо имаме направено, без разлика дали се апликации од 3 или 3.5 клика.

      Поздрав.

      1. Aleksandar licno se znaeme ! Pak ke povtoram za entuzijazam i naivnost te poddrzuvam, a za moj predlog podolu vidi komentar, pa ajde da napravime toa sto predlagam.

  11. „Пушташ апликација за која што неможеш да гарантираш дека функционира додека луѓето имаат претстава дека проблемот е во Златна Книга а не во твојата апликација.”, вели Игор Јаневски од ITEA Solutions на блогот на Александар.“

    На android market има еден куп апликации кои што се врзуваат на еден куп сервиси, google, gmail, linkedin, twitter, facebook итн итн па што? Сите имаат багови и недостатоци – затоа и пишува име на автор, контакт и сл. Тоа е нешто што е сосема нормално и прифатливо за twitter, facebook и google ама не и за златна книга. cmon.

    1. "Тоа е нешто што е сосема нормално и прифатливо за twitter…"

      Ова не е е баш така, Twitter со суд натера куп сервиси да се преименуваат бидејќи беа TwitterDeck и слично, лупам примери. Тоа беше пред некое време, година, две.

      Од друга страна, на Android Market нема неофицијална апликација со име Twitter и лого. https://market.android.com/search?q=twitter&c

  12. И тужбата, тужба врз основ на што? Ова баш би сакал да ми го објасни некој, бидејќи до моментов нема ниеден реален основ за Ифномедиа да го тужи Александар. Од друга страна, веројатно поради тоа што сопственикот на фирмата бил вознемирен поради тоа што можеби бил изманипулиран дека некој сака да му го украде бизнисот кој што го градел 10 години – му се заканува на човек кој што бесплатно му помогнал да го подобри истиот сервис а со тоа и својот бизнис.

    Според мене покрај тоа што Александар згрешил и го искористил името на Златна книга (поради кое што и ја повлече апликацијата и се извини) единствениот проблем тука е пристапот и тоа не на Александар туку на ИТЕА и Ифномедиа. Ќе се воздржам од употреба на епитети. А би сакал да видам и некој со аргументи (наместо со FUD и шпекулации) да дојде и да побие било што што напишав погоре. Ако не сум во право умеам да го прифатам тоа, да се извинам и да продолжиме да си живееме нормално. Не сум сигурен за останатите.

  13. Хм, кои ресурси? Апликацијата се однесува како било кој корисник со интернет прелистувач кој што праќа HTTP барање до веб сајтот преку стандардна порта 80. Ако не им се допаѓа тоа што ќе добијат повеќе корисници нека го направат сервисот приватен (само со регистрација). Значи еден корисник со мобилен телефон што пристапува на сервисот на Златна книга го оптеретува серверот исто колку и еден корисник што го прави истото преку својот компјутер. AFAIK апликацијата работи така и според тоа не може којзнае колку да го оптеретува уште еднаш ќе повторам ЈАВНИОТ сервис на Златна книга. Муабетот „АУ ПАНИКА СЕРВЕРИТЕ ни ги прегоре леле“ не држи муабет ама ич. Си ставил нешто јавно достапн на интернет, луѓето ќе му пристапуваат, хелоу it's the INTERNET!

    Се уште никој не потврди дали Златна книга е заштитна марка на Р3 Инфомедиа. Според еден од коментарите во блог постот на Александар резултатите од она што може да се провери онлајн кажуваат дека Златна книга не е заштитена трговска марка на РЗ Инфомедиа. Дали се работи за манипулација или не не знам, али не е воопшто не е ок да тврдите дека е така само поради тоа што фирмата го вика тоа.

    1. Во печатената Златна книга стои дека „Златна книга, Златен телефон и Златни страници се пријавени трговски марки.“

      1. :) Значи си го прекршив златното правило да не се вмешувам у вакви „somebody is wrong on the internetz“ случаи али ај, да сумирам зашто пишав.

        Прво, не го бранам Александар за грешката што ја направил, но мислам дека научи што згрешил и нема да му се повтори пак. Тоа е валјда добра работа у случајов, за сите.
        http://www.crm.com.mk/namereservation/
        Централниот регистар на Република Македонија

        Државен завод за индустриска сопственост http://88.85.115.2:81/SOIP_Moduli/Trgovska_MarkaP

        Не гледам никаде дека Златна книга е заштитена трговска марка на РЗ Инфомедиа. Ако успее да најде некој го/ја молам да постира одговор.

        И за крај, највеќе пишав поради тоа што ми смета однесувањето на повеќето македонски газди и компании, а ова е уште еден случај во кој што само се потврдува за жал реалната ситуација во државава (газдата се јавува и се заканува по телефон, може и рекетари да прати пошто некој наводно му го „крадел бизнисот“… и второто, претераната реакција од компанијата за тоа дека ресурсите им отишле на 20+ http риквести).

        Ванчо пиша повеќе на темата не би сакал да навлегувам, но беше изоставен тој момент и на крајот излезе таква банална ситница која што реално не го заслужува ова ниво на публицитет да ми го губи времето по којзнае кој пат денес.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии