Често пати сме се нашле во ситуација да чуеме како антивирусно решение за android телефоните е крајно непотребно. На прашањето зошто, неретко добиваме одговори од типот: Android е многу побезбеден, има интегрирано антивирусна заштита, нема вируси за Android, или пак како самите корисници се исклучително внимателни и нема шанси да дозволат вирус да им се вметне.

Ништо од ова не држи вода и навистина ви е потребно антивирусно решение како задолжителен прв чекор за подобра заштита.

Оперативниот систем на Apple ги заштитува корисниците така што овозможува преземања на апликации само од iOS App Store, но таквото нешто не е точно за Android, каде можете да преземате и инсталирање програми кои би можеле да се полни со вируси и слични штеточини. Згора на ова, процесот на одобрување апликации за Google Play Store е крајно „флексибилен“ и често се случува опасни апликации да се најдат во продавницата и да бидат преземени од бројни корисници пред да бидат детектирани и повлечени од Google. Дури и да се случи тоа, има ситуации каде истите апликации, во една или друга форма, повторно се појавуваат на фронтот.

Втора работа на која треба да се внимава се и-мејлови и реклами кои би можеле да ве вовлечат да кликнете да одреден линк и да преземете одредена штеточина без и да бидете свесни за тоа. Преку задната врата, која се овозможува од ваквите пропусти, сајбер криминалците можат да украдат ваши лични податоци. Безбедносната лабораторија AV-Test има во нејзината база милиони и милиони различни парчиња на Android malware. Според оваа и други безбедносно – истражувачки центри, бројни производители, во едно или друго време, се имаат изјаснето дека ги испорачале критичните закрпи за некој проблем, а всушност не го направиле тоа. Alps, Oppo, и ZTE се изјаснија дека пропуштиле навремено дистрибуирање на четири или повеќе критични закрпи. Со две до четири задоцнувања, се нашле, HTC, BlackBerry, Asus, Fairphone, LG, Huawei, и Lenovo. Со едно или две задоцнувања, се OnePlus, WIko, Xiaomi, Nokia, Motorola, и Honor. Оние кои не пропуштиле нити една критична закрпа, или пак имаат само една, се Google, ZUK, LeEco, Samsung, Sony, и BQ.

Инсталирање антивирусно решение има и други предности. Одредени софтвери од ваков калибар се одликуваат со дополнителни корисни услуги.

Во случај на кражба, Anti-theft, на пример, ви дозволува да го заклучите или избришете сè од вашиот телефон, како и да ги сликате или снимате крадците кога ќе го вклучат телефонот.

Call Blocking става крај на луѓето кои се оперирани од какво било разбирање и постојано ви вртат или ви праќаат најразлични SMS пораки. Со оваа услуга, можете да блокирате несакани броеви и да не губите време, енергија и нерви со нив.

Во случај да вашите деца постојано ви ги зграпчуваат телефоните и ви е страв да не направат несакана трансакција или да посетат работи кои не би смееле, одредени антивирусни пакети доаѓаат со опција да се заклучи веб прелистувачот.

Кога ќе го земете сево ова во предвид, останува да се одлучите со какво антивирусно решение би можеле да одите.

  • Bitdefender Mobile Security – Одличен ловец на вируси и слични штеточини во реално време. Се одликува со anti-theft, советник додека сурфате и VPN можности.
  • Norton Mobile Security – Феноменално решение кое ја штити вашата безбедност и приватност. NMS е корисен и за несакани ситуации кога вашиот телефон е украден, а се грижи и за бекап на вашите податоци.
  • PSafe – Одлична бесплатна алтернатива на горните две решенија кое се испорачива со алатки за анти-хакирање, заклучување апликации, и зголемување на перформанси. Со оглед на тоа дека пакетот е бесплатен, потребно е да сте спремни на одредени напади со реклами.
  • Avast Mobile Security – Уште една бесплатна алатка која одлично детектира malware во реално време. Нам нѝ се допаѓа апликацијата не само поради непостоечката цена, туку и поради можностите за заклучување апликации со лозинка, блокирање повици, апликација за дозволи, и firewall.
  • Kaspersky Internet Security – Софтверско решение кое не би требало да ве разочара. Бесплатната верзија е со одредени ограничувања, но платежната е полна со горе-споменатите алатки.

1 коментар на “Дали ви треба антивирус за вашиот Android уред?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии