Меѓународниот  Црвен Крст се собра во Женева да ја рагледува можноста и начинот на кој ќе можат да се имплементираат правилата на војување во воените видео игри. Влијанието на воените видео игри врз перцепцијата на воените злостворства беше една од темите на разгледување на годинешниот 31-ви меѓународен конгрес на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина. Со оглед на тоа дека станува збор за виртуелни војни, организацијата сé уште ја разгледува својата надлежност и потребата од имплементирање на Женевската конвенција за цивилизирано војување.

Доколку во Црвениот Крст ги усогласат своите ставови можно е во иднина да побараат од дизајнерите на видео игри да ги применат правилата за војување во своите игри или да побараат од владите на државите ова да биде уредено со закон.

Подолу е една од најконтроверзните сцени во историјата на гејмингот. Сцената е „No Russian“ од Call of Duty: Modern Warfare 2 и вклучува терористички напад и ладнокрвно убивање на цивили.
[youtube]gXBDkevx5lM[/youtube]

Реакцијата доаѓа четири години по истражувањето на TRIAL чија цел беше да се утврди колку од игрите ги исполнуваат стандардите на Женевската конвенција. Овој пат игрите се издвоени од останатите форми на забава заради својата интерактивност. За разлика од филмовите или книгите овда луѓето не се пасивни набљудувачи  на настаните туку имаат активно учество во нив. Но, ова истражување е престрого со тврдењата дека за интерактивноста на видео игрите нивните играчи дека разликата помеѓу игрите и вистинските искуства станува замаглена и игрите стануваат вистинска симулација на војни.

Да бидам искрен не сум потполно сигурен колку е паметно во видео игрите да се имплементираат се повеќе и повеќе правила од вистинскиот свет. Прво, сé уште се дебатира за влијанието на видео игрите врз свеста на луѓето, а уште поважно видео игрите се забава и нема некоја специјална причина да се доближуваат до реалноста. Ако сепак Црвениот Крст го усвои овој заклучок, дали во иднина треба да очекуваме целосно криминализирање на одредени серијали од типот на Grand Theft Auto?


Играчите на фантастичните шутери можат да здивнат бидејќи Црвениот Крст нема надлежност во вселената.

Сепак прашањето не е толку едноставно, имам впечаток дека во последно време војската (барем aмериканската војска) го пренасочи регрутирањето од филмовите и телевизијата на видео игрите. За таа цел американската војска ја издаде и видео играта American Army, која според истражувањата на универзитетот MIT има повеќе влијание врз регрутирањето отколку сите останати реклами заедно. Според истото истражување 30 проценти од американците на возраст од 16 до 24 години имаат подобрено мислење за војската главно поради игрите. Заради ова делумно и се согласувам со Црвениот Крст за воведување на правилата на женевската конвенција барем во оние „игри“ кои војската ги користи за регрутирање како и во игрите кои може да се користат за тренинг симулатори.

Покрај тоа што ова е истовремено прашање на слободата на говорот и слобода на авторите, не верувам дека дизајнерите на видео игри премногу ќе загубат и доколку „помине“ оваа одлука. Забелешките главно се однесуваат на убивање цивили и на заробеници, дури и најфанатичните фанови на овој тип на игри мора да признаат дека не е некоја голема загуба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии